Колку повеќе се дружите со мајка ви, толку подолго ќе живее

Трошењето на квалитетно време со баба и дедо им помага ним, но е добро и за нас - симбиотската врска е неспорна. Тие добиваат дружење и разговор, а ние ги добиваме нивните приказни, нивните прегратки и, најдобро од сѐ, тајните рецепти за омилените колачиња од детството.

0
404

Повикувањето на баба ви или на дедо ви (или на вашите родители кои се во поодмината возраст) на вечера може да им го продолжи животот – и да го зголеми неговиот квалитет – покажува една нова студија.

Истражувачите на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско утврдиле дека осаменоста игра голема улога во пропаѓањето, што честопати се поврзува со староста. Студијата следеше 1.600 возрасни лица, со просечна возраст од 71 година – и покрај контролата на нивниот социоекономски статус и здравјето, била бележана и стапката на морталитет. Осамените постојано имале повисоки стапки на морталитет. Речиси 23 отсто од осамените учесници починале во рок од шест години од студијата, наспроти само 14 отсто од оние кои пријавиле дека се социјално поангажирани.

„Потребата што ја имаме целиот наш живот – за луѓе кои нè познаваат, кои се за нас вредни, кои нè радуваат – никогаш не исчезнува“, објаснува за „Њујорк тајмс“, Барбара Мостовиц, постар геријатриски социјален работник во Општата болница во Масачусетс.

За повозрасните овие односи имаат голема вредност. Таа се сведува на важни релациони вештини, изјави Розмари Блејзнер, професор по човечки развој на Политехничкиот универзитет во Вирџинија, за „Њујорк тајмс“ – вештините што нашите баби и дедовци ги имале цел живот.

„Тие се прилично толерантни за несовршеностите и карактерите на пријателите, повеќе од младите“, вели таа. „Имате многу повеќе искуство со вашите пријателства кога сте постари. Знаете за што вреди да се борите и за што не вреди да се борите“.

Покрај тоа што ги покануваме нашите постари роднини и пријатели во нашите домови, важно е да ги охрабриме во нивните односи со врсниците. И покрај популарното верување, постарите луѓе имаат тенденција да напредуваат во независни или потпомогнати животни средини. Овие живеалишта обезбедуваат повеќе начини тие да се дружат, да се поврзуваат, да напредуваат.

Трошењето на квалитетно време со баба и дедо им помага ним, но е добро и за нас – симбиотската врска е неспорна. Тие добиваат дружење и разговор толку круцијални за секојдневниот живот, а ние ги добиваме нивните приказни, нивните прегратки и, најдобро од сѐ, тајните рецепти за омилените колачиња од детството.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]