Кои се симптомите на дијабетес кај децата?

Некои поединци имаат имунолошки систем кој не функционира најдобро па ги напаѓа клетките на панкреасот кои произведуваат инсулин.

0
2734

Нормално, имунолошкиот систем го штити човекот од вируси и бактерии. Но некои поединци имаат имунолошки систем кој не функционира најдобро, како во случајот на дијабетес кај децата и ги напаѓа клетките од панкреас кои произведуваат инсулин. Заради тоа во телото се создава малку или ниту малку инсулин.

Инсулинот е хормон кои произведува посебни клетки во панкреасот кои се стимулирани со шеќерот во крвта, јаглените хидрати и скроб. Откако варењето завршува, шеќерот или глукозата влегува во организмот за да ги нахрани клетките. Без инсулин клетките гладуваат, а шеќерот кој останува во крвотокот може да ги уништи другите органи. За да се нахрани телото мора да се потпре на други извори кои не се секогаш достапни или предизвикуваат оштетување на ткивата и органите.

Свеста за знаците и симптомите на дијабетес кај децата, познат и како дијабетес тип 1, е важна за да се стави болеста под контрола. Децата и тинејџерите во секое доба можат да ја развијат оваа состојба, а понекогаш се јавува дури и кај бебињата. Обрнете внимание на овие знаци на младешки дијабетес.

Прв симптом се сувата уста и засилена жед.

Губење на тежината.

Девојчињата со дијабетес се посклони ком чести вагинални инфекции, а кај помалите деца може да се појави пеленски осип.

Децата со дијабетес се жалат на замор.

Претеран глад е знак дека нема доволно шеќери во клетките и дека е телото гладно.

Заматен вид се јавува кога нивото на шеќер во крвотокот е високо.

Децата со дијабетес се почувствителни и лесно се расплакуваат.

Честото уринирање заради високиот шеќер во крвта кој ги тера бубрезите да произведуваат дополнителна урина.

Дијабетесот е сериозна болест која може да предизвика кома или дури смрт. Ако нивото на шеќер нагло порасне, детето може да падне во дијабетичка кетоацидоза. За среќа, повеќето дијабетичари живеат долго и здраво. Симптомите на дијабетес кај децата е лесно да се воочат на време, а еднаш кога родителите се свесни за болеста, преземаат чекори за нејзино контролирање.

[better-ads type='banner' banner='999' ]