Кои необични симптоми можат да бидат знаци на бременост?

Силен оток на рацете и болка во зглобовите, крвавење од носот, кивање, ’рчење и екстремен глад: сето тоа се симптоми на бременост за кои можеби не сте знаеле.

0
374

Најчести рани симптоми на бременост се отсуство на менструација, чести промени во расположението, чувствителни гради, гадење и замор. Бременоста не се нарекува залудно друга состојба. За време на бременоста, телото се менува под влијание на голема доза на хормони и собирање на течност во циркулаторниот систем, како резултат на потребите на детето во матката, а и за да се подготви телото за породување.

Кога станува збор за симптоми на бременост, многу идни мајки се прашуваат дали има некој необичен симптом што би ве натерало да мислите дека сте бремени? Па така, некои бремени жени може да доживеат сериозен оток на рацете со болки во зглобовите, а во потешки случаи може да се појави синдром на карпален тунел (акумулирана течност ги притиска нервите на карпалниот тунел) со трнење во рацете и слабост.

Крвавењето од носот е еден од симптомите

Крвавењето од носот е еден од необичните симптоми што се јавува поради чувствителноста на слузницата и проширувањето на капиларите во носот.

Обрнете внимание на крчењето и кивањето

Кивање и обилно течење на носот се јавува поради хормоните и зголемување на течноста во организмот со што се зголемува дебелината на слузницата на носот која лачи секрет. Затоа, доаѓа до крчењето, за што можеби ве предупредил вашиот партнер.

Замор или бременост?

Заморот е најприсутен во првиот дел од бременоста поради големиот пораст на хормонот прогестерон. Жените кои претходно не можеле да спијат во текот на денот, одеднаш треба малку да се одморат попладне. Заморот може да се почувствува веќе една недела по зачнувањето. Секоја жена е различна, така што некои ќе ги забележат првите знаци многу рано, додека некои бремени жени дури и нема да сфатат дека се бремени во првите два месеци. Некои симптоми кои може да се појават очигледно немаат никаква врска со бременоста, но се предизвикани од промените во телото.

Неколку можни симптоми

Дури и исклучително силната глад може да биде знак на бременост. Добро познат симптом на рана бременост се мачнините, а заради зголемената киселост на желудникот, бремените жени често доживуваат чувство на екстремна глад.

Исто така, поради покачени хормони, некои бремени жени може да забележат дека косата им опаѓа многу помалку и е побујна и сјајна, а бремените жени понекогаш доживуваат синдром на немирни нозе и грчеви во листовите што предизвикуваат непријатност, особено навечер и за време на спиењето.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]