Кои креми за сончање да ги употребувате, а кои да ги избегнувате?

Кога ќе купите крем со заштитен фактор 50, нема докази дека тој ве штити подобро од крем со понизок фактор на заштита. А што се однесува до состојките на овие креми, октиноксатот не се препорачува за трудници и деца затоа што предизвикува пореметување на хормоналното ниво и се таложи во организмот.

0
258

Кога ги слушате препораките на стручњаците кои секојдневно преку медиумите не предупредуваат на опасноста од сончањето, се стекнува впечаток дека не смеете да отидете ниту до поштенското сандаче без дебел слој на крема со заштитен фактор. Дали претеруваат?

Да појдеме од фактите – ние сме еволуирале „под сонцето“. Што значи дека сончевите зраци за нас не се секогаш и исклучиво лоша работа.

Како што рекол уште одамна Парацелзус – дозата го прави отровот. Сѐ може да биде штетно кога го има премногу. Долготрајното и претерано сончање навистина ја оштетува ДНК во клетките на кожата. И од обична вода можете да се отруете ако ја пиете во огромни количини.

Кога станува збор за сонцето, ултравиолетовите зраци навистина посилно зрачат преку лето, а нивната сила се искажува со т.н. УВ индекс, кој межудругото, зависи и од густината на озонската обвивка, надморската височина итн.,

Витамин Д: Митови и реалност

Иако претераното сончање предизвикува брчки и ја суши кожата, недоволното сончање исто така може да предизвика хронични болести, симптоми на депресија и недостаток на витамин Д, што може да доведе до срцеви болести, покачен притисок, рак.

Денешните креми за сончање се делат на оние кои даваат заштите по пат на хемиска интеракција, и оние кои создаваат заштитна обвивка околу кожата. Првиот вид реагира на ултравиолетовите зраци намалувајќи им ја силата, додека другиот вид ги одбива зраците.

Оксибензон: состојка која ги апсорбира УВБ и краткоталасните УВА зраци, се појавува во голем број креми за сончање и најде е во крвта на 97% Aмериканци. Се смета дека предизвикува алергии на сонце, со време се таложи во крвотокот, а штетното влијание му се зголемува ако се комбинира со алфа хидроксилни киселини кои се наоѓаат во лосионите за тело и во пилинзите.

Хомосалатуште една состојка на хемиски интерактивните заштитни креми. Реагира со УВБ зраците, а добра особина му е тоа што не продира предлабоко во кожата туку остава мрсен слој на површината кој не се мие лесно во вода. Благо е токсичен и предизвикува помали хормонални пореметувања. Нема толку штетни особини колку оксибензонот, но не е ни толку ефикасен, па не може да се користи без други слични состојки.

ОктиноксатНајчеста состојка на кремите за сончање, кој го блокира продирањето на УВБ зраци, а притоа помалку ја иритира кожата. Меѓутоа, некои истражувања покажуваат дека дејството му слабее под истите тие ултравиолетови зраци од кои би требало да штити. При овој процес се ослободуваат слободни радикали кои ја оштетуваат кожата и предизвикуваат генетички промени.

На сонце не поцрвенуваме кога сме заштитени со крема за сончање делуно затоа што ги апсорбира ултравиолетовите зраци, а делумно затоа што спречува воспалителни реакции на кожата, што всушност може да го зголеми ризикот од меланом. Испитувањето на овие производи се врши во лаборатории, и тие не мора да се однесуваат исто при подоцнежната употреба. Октиноксат не се препорачува за трудници и деца затоа што предизвикува пореметување на нивото на хормоните и се таложи во организмот.

Цинк оксид: Бел прашок кој создава заштитна бариера на кожата и ги одбива УВ зраците е една од состојките кои во некои случаи и во мали дози може дури да се додава и во храната, што значи дека е релативно безопасен. Се смета и дека подобро ги одбива сончевите зраци од титаниум диоксидот. Сепак, избегнувајте креми кои содржат нано-честички на цинк оксид, затоа што уште не се знае дали можат да продрат преку кожата и да му штетат на здравјето.

Титаниум диоксид: Се однесува слично како цинк оксидот, блокирајќи го ултравиолетовото зрачење. Меѓутоа, тој е штетен за природната средина и можно е да е канцероген кога се вдишува. Како и кај претходните хемикалии, не користете средства со нано честички на титаниум диоксид.

Кога ќе се споредат двете групи на средства за заштита од сонце, оваа вторава, која се потпира на хеикалии кои создаваат заштитна бариера на кожата, е далеку подобра. Држете се до нив – првиот вид, со хемикалии кои влегуваат во хемиски реакции со УВ зраците, има далеку повеќе докажани штетни последици.

Заштитен фактор

Нивото на заштита (SPF) назначен на производите не е секогаш точен, ниту пак ригорозно се проверува. Напротив, кога ќе купите крем со заштитен фактор 50, нема докази дека тој ве штити подобро од крем со понизок фактор на заштита. Фактор 30 ве штити исто толку добро, под услов да не ја избришете кремата со пешкир или да не ви се измие во базен или во море.

Колку е секоја од овие состојки делотворна? Ниту една состојка не е совршена, но ниту избегнувањето на сонцето не е здраво ниту е возможно.

Извор: Genetic literacy project

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]