Кога е добро да се наградат децата со пари (а кога треба тоа да се избегнува)

Додека многу родители мислат дека наградувањето на децата со пари не е добро, многу експерти велат дека има случаи кога тоа функционира.

0
111

Родителите секогаш се обидуваат да ги мотивираат своите деца да работат дома, да ги извршуваат своите секојдневни задачи или едноставно да следат одредени правила на однесување. Меѓутоа, методите што ги користат често предизвикуваат поделени мислења, а врз изборот на овие методи влијае погледот на свет на родителите, како и реакциите од околината и информациите достапни за родителите преку разни медиуми.

Едно од прашањата што ги мачи родителите е во кои случаи и дали однесувањето на децата воопшто треба да се стимулира и насочува со пари. Некои мислат дека таквиот пристап резултира со разгалени деца, додека голем број експерти сметаат дека овој метод треба да се примени во одредени случаи.

Случаи во кои е пожелно да се стимулира однесувањето на децата со пари

Страницата Coupon Follow спровела анкета меѓу родителите и заклучила дека дури 80 проценти од родителите користат пари како поттик за извршување на домашни работи, над 70 проценти од родителите им нудат на децата пари како награда за добро однесување, а речиси половина од нив ги лишуваат своите деца од џепарлак ако не исполнат одредени очекувања.

Бројни студии на оваа тема потврдиле дека таквите методи имаат стимулирачки ефект врз децата со усвојување и повторување на позитивни модели на однесување и градење на нивната самодоверба, како и поврзаност со нивните родители. Клучно е сите награди да бидат јасно соопштени и поврзани со очекуваното однесување, оваа врска да е логична за децата и да следи веднаш после и во недвосмислена врска со извршувањето на одредена задача.

Случаи во кои не е пожелно да се стимулира однесувањето на децата со пари

Проблемите настануваат кога самите родители не се сигурни како да го спроведат наградувањето на детето со пари и кога правилата не се разработени однапред и јасно. Ако детето не разбира што се очекува од него, јасно е дека резултатите ќе недостасуваат. Исто така, ако на децата им се нудат пари за награда за секоја ситница и премногу често, методот станува многу помалку ефикасен.

На крајот на краиштата, методот не функционира особено во случаи кога паричната награда се користи како начин за поткупување на децата. Порталот Empowering Parents го наведува ова како најчеста грешка што ја прават родителите. Ваквите стимулации се контрапродуктивни и ги поттикнуваат децата да се однесуваат негативно.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]