Како учат децата од петата до шестата година?

На оваа возраст нивната логика е сѐ уште едноставна: и понатаму се уверени дека во висока тесна чаша има повеќе сок отколку во ниска и широка.

0
334

Што се во состојба да научат децата на оваа возраст, како се развиваат процесите на учење кај петгодишниците и шестгодишниците и како функционира нивната логија?

Еве што е специфично за децата на оваа возраст:

Земаат предвид што гледаат или чувствуваат другите луѓе, но сѐ уште не употребуваат стратегија. Почнуваат да разбираат шеги.

Почнуваат да ги редат предметите по ред (од најмали до најголеми) и во состојба се да ги класифицираат предметите според повеќе категории, на пример, според боја и облик.

Распознава букви и еден или два збора, ги препознава на улица и во книгите.

Ако му покажете како, ќе може да си го напише името. Ќе знае да брои до десет, но сѐ уште нема да разбере дека е девет повеќе од осум.

Може да истражува: Што би се случило кога би…, внимателно набљудувајќи и нудејќи објаснувања.

Памти што се случило вчера. Раскажува и за настаните од подалечното минато.

Ги изведува активностите си повеќе систематичност и методичност.

Логиката му останува едноставна: и натаму е уверено дека во висока тесна чаша има повеќе сок отколку во ниска и широка.

[better-ads type='banner' banner='999' ]