Како се школуваат супер дадилки за современите принцови и принцези

Богатите и славните за своите деца одбираат квалификувани „Мери Попинс“, кои владеат со боречки вештини и умеат да возат како Џемс Бонд, но многу сакаат деца.

0
637

За британскиот колеџ Норланд кој се наоѓа во градот Бат (грофовија Сомерсет), многу се зборувало во март 2014., кога некогашната студентка, 43-годишната Марија Тереза Турион Борало станала дадилка на британскиот принц, Колеџот Норланд веќе 126 години школуваат елитни дадилки, кои се регуларно ангажирани во британското кралско семејство. Така, норландски дадилки ги одгледувале сите деца на Елизабета Втора, нејзините внуци и правнуци.

Да се има во семејството дадилка од Норланд е исклучително престижно па за нив е секогаш побарувачката голема и не им се заканува невработеност. Побарувачката е толкава што во последните пет години бројот на оние што го посетуваат колеџот се зголемил од 100 на 250.

Обуката во оваа престижна установа не е ефтина и чини околу 16.000 евра по година. Но затоа, штом ќе го завршат колеџот, можат да бираат во просек помеѓу шест понуди, и тоа не само во Велика Британија, туку и во разни земји од Европа, Америка, на Блискиот и Далечниот исток…

Услугите на норландските дадилки добро се плаќаат. Годишната заработувачка досега до 86.000 евра.

engleske dadilje

По што се истакнуваат овие дадилки?

Кога Емили Ворд во 1892.година почнала прва во Велика Британија да се занимава со разработување на програмите за воспитување и образование на децата, го основала Нордланскиот колеџ, а основна цел ѝ била да ја направи оваа професија угледна.

За да не ги мешаат дадилките со слугите – собарките, готвачките, слугинките, итн.- Емили осмислила униформа за своите ученички. Денешните дадилки ги носат со гордост.

Браон шапка, беѓ фустан, бели или браон ракавици, капут од твид, браон чевли со нииска потпетица – нордландската дадилка непогрешиво се препознава. Нејзината униформа ги симболизира високиот квалитет и историските вредности на викторијанската епоха.

И ден – денеска пред ученичките во Нордланд се поставуваат посебни барања во однос на однесувањето. Освен забраната за пушење, употреба на алкохол и наркотици – што се подразбира – забранета им е и мастика за џвакање, слушање музика на слушалки и јадење и пиење во од.

Елитните дадилки не смеат да купуваат брза храна, како и да посетуваат ресторани во кои се продава таква храна.

Не смеат да преоѓаат улица надвор од пешачки премин ниту да користат мобилен телефон одејќи по улица. Тие ограничувања не се измислени туку така. Дадилките мораат да бидат свесни за тоа дека тие им претставуваат пример за однесување на своите штитеници. Нивна задача е да ги научат на убави манири.

engleske dadilje

Знаат теквондо, возат како Џемс Бонд, се борат против сајбер криминалот

Тригодишната програма на школување оди во чекор со времето. Кога ќе завршат на Норланд, подготвени се за сите предизвици кои ги носи со себе суровата реалност на денешнината и работата во семејствата на светските моќници.

Кога најмуваат дадилка, богатите и славните не сметаат на тоа дека таа со децата само ќе си игра, ќе црта, ќе им чита и ќе ги шета. Таа треба да го заштити својот штитеник од секоја опасност вклучувајќи и тероризам, киднапирање или упорни папараци.

Затоа школувањето вклучува курс за боречки вештини, пред сѐ, теквондо. Инструкторите од специјалните служби ги учат идните дадилки на основите на самоодбраната, однесување во вонредни ситуации, соочување со напаѓачи со помош на импровизирани средства.

Освен тоа, важен дел од програмата е курсот за екстремно возење – дадилките треба да владеат со екстремно брзо возење по сите временски услови, да совладуваат препреки и да не губат контроланад автомобилот по лизгав терен.

Во суштина, дадилките од Норланд се првокласен телохранител отпорен на стрес со вештини на нинџа и Џемс Бонд.

Норландските дадилки се разбираат и во сајбер безбедност. Должни се да ги надгледуваат своите штитеници и да спречат нивните штитеници да не станат објект на внимание на непознати луѓе на интернет.

engleske dadilje

Шијат, печат и лекуваат

Покрај сите овие вообичаени вештини, идните дадилки ги совладуваат основите на традиционалното образование. Учат историја, книжевност, филозофија, социологија, детска психологија. Проникнуваат во сите нијанси на емоционалниот и социјалниот развој на децата на сите возрасти.

Исто така, ги учат основите на медицината, особеностите на функционирање на детскиот организам, потоа кулинарството и диетологијата. Норландската дадилка може да подготви совршено избалансирани, здраво јадење за дете на која било возраст, а ако затреба да му пружи и медицинска помош.

Кулинарските вештини се на толку високо ниво што норландската дадилка без проблем ќе ги подготви сите деликатеси за гостите на детски роденден.

Учат и да шијат облека, да организираат прослави, да ги хранат бебињата со шишенце, да ги заспиваат, да ги бањаат, да ги научат на користење нокшир, да им менуваат пелени, да ги препознаат првите симптоми на болестите. Со постарите деца си играат, цртаат, вајаат, се занимаваат со музика и со интелектуалниот развој итн.

engleske dadilje

Вежбаат на роботи и многу сакаат деца

Во текот на школувањето, за да биде обуката што поблиска до реалните услови, на пример, кога вежбаат смирување на дете кое плаче, секоја ученичка добива на два дена кукла-робот со вграден компјутерски чип, такашто куклата „се однесува“ идентично како и бебињата.

Норландските дадилки скијаат, јаваат, едрат и на сето тоа ги обучуваат своите штитеници.

Покрај сето ова професорите на Норландскиот колеџ водат сметка за тоа дали студентките го поседуваат она што не може да се научи – способноста да носи одлуки и да преземе одговорност, како и искрена љубов кон децата. Овие дадилки се подготвени да дадат сѐ за своите штитеници. Родителите во семејствата во кои тие работат, родителите најголем дел од времето не се присутни. Затоа дадилките имаат огромна одговорност и од нивните лични морални особини зависи дали овие современи принцови и принцези ќе пораснат во достојни луѓе.

[better-ads type='banner' banner='999' ]