Како се прави бизнис со расни кучиња со помош на расплакани дечиња?

Доаѓа да купи кученце и носи со себе мало девојченце кое се „удира од земја“ не сакајќи да си оди без него, иако таткото нема доволно пари. Сопственикот се сожалува, им го дава кученцето и потоа го гледа објавено за продажба - на оглас. Какви сѐ шеми нема да измислат луѓето за да заработат пари!!!

0
1430

Случајно, малото далматинче на фотографијава излезе дека е еден од потомците на нашиот убав домашен миленик Далматинецот Баз. Сопственикот на „невестата“ Далматинка вознемирен ни се јави и ни ја раскажа целата приказна. Тој бескрајно многу ги сака кучињата, па секое малечко далматинче кое се роди од оваа прекрасна „врска“ на неговата и нашиот, се потрудил да го вдоми кај луѓе кои навистина ќе го сакаат и ќе го чуваат.

Иако заработката не е негова примарна цел, баш за да се осигура во чесните намери на „посвоителите“, малите далматинчиња си имаат цена.

Деновиве кај него се појавил еден човек со мало девојче и го побарал далматинчето. Кај себе немал доволно пари па девојчето почнало толку неутешно да плаче што на сопственикот му паднало жал и сигурен дека и последното далматинче ќе се најде во сигурни раце, кај луѓе кои навистина ќе го сакаат, сепак им го дал. Подоцна го видел огласот на кој се објавени на продажба Хаска, Пинц мини и неговото убаво мало далматинче. Се јавил на бројот, но откако слушнал кој се јавува, човекот ја прекинал врската и повеќе не одговарал на неговите повици.

И толку од приказната. Не се знае каде ќе заврши малото слатко далматинче, ама дефинитивно, нема да остане кај големиот „љубител“ на кучиња кој сега го продава за 100 евра. Е сега, ако некому му изгледа сето ова неважно, не е баш така. Ако ништо друго, и ако не заради кученцата, тогаш барем заради ‘плачливото’ девојче кое на овој начин учи дека може да заработува и вака – мамејќи ги луѓето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]