Како се поставува дијагноза за аутизам?

За да може да се направи правилна и прецизна дијагностика и за да знаеме дали навистина станува збор за аутистичен спектар на нарушување или пак некое друго отстапување, потребно е најнапред да се направат дијагностички иследувања од страна на детски невропсихијатар, понатаму дијагностички иследувања на слухот, евалуација од страна на специјален едукатор и логопед.

0
882

Аутистичниот спектар на нарушување се дефинира како первазивно развојно нарушување кое се појавува до третата година од животот на детето. Клиничката слика може да биде проследена со поблаги и поизразени симптоми.

Главните дефицити и отстапувања со кои се соочуваат лицата со аутистичен спектар на нарушувања се: проблеми во социјалната интеракција, проблеми во воспоставувањето на вербалната комуникација, како и потешкотии во сензомоторниот дел. Кај лицата со аутистичен спектар на нарушување присутно е стереотипно однесување кое се карактеризира со различни видови на повторувачки однесувања т.н. „ритуали“.

Во однос на говорот може да биде наполно отсутен, комуникацијата да се одвива по пат на гест или пак говор проследен со повторување на фрази и реченици (ехолалија) или пак функционален говор со кажување на само еден збор за нешто нив им е потребно. Кај лицата кои имаат развиен функционален говор се забележува аграматично зборување искажувајки се во второ или трето лице еднина.

Во доменот на раното откривање и детекција на аутистичниот спектар на нарушување постојат одредени протоколи за рана дијагностика. Она што може да се забележи како први или рани знаци за аутистичниот спектар на нарушувања се: отсуство на базалната насмевка кај детето, невоспоставување на контакт со очи, чудно и незаинтересирано однесување кон околината, одбивање на социјална интеракција, стереотипно приврзување кон одредени предмети, стереотипен и репетитивен начин на игра, неодвивање и нереагирање на своето име, отсуство на експресивен говор.

За да може да се направи правилна и прецизна дијагностика и за да знаеме дали навистина станува збор за аутистичен спектар на нарушување или пак некое друго отстапување, потребно е најнапред да се направат дијагностички иследувања од страна на детски невропсихијатар, понатаму дијагностички иследувања на слухот, евалуација од страна на специјален едукатор и логопед.

Во доменот на специјалната едукација кај лицата со аутистичен спектар на нарушувања се користат тераписките методи: Аба третманите за редукација на психомоторика, арт терапијата, третманите за сензорна интеграција, окупационата терапија и др.

Додека пак во доменот на Логопедијата како методи за развивање на говорот се користат:Pecks учење на говорот преку слики, бихејвиоралната терапија, методот на отворена вербализација и активно одзивање.

Она што е најважно за лицата со аутизам е да можат своите способности да ги преточат во нивно професионално остварување и оспособување. Лицата со аутизам исто така располагаат со свои надарености и таленти кои може да помогнат во нивното лично надоградување и оспособување.

Ана Петреска, дипломиран логопед, М-р по Специјална едукација и рехабилитација, Интеракција -плус, Скопје

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]