Како Меика Холендер го прави сексот поздрав за секого?

Оваа Американка во 2014.година со своите родители формирала компанија за производство на вегански кондоми, влошки, тампони, лубриканти

0
286

Да направите фабрика која ќе произведува вегански кондоми веројатно не е нешто што би ви паднало на памет ако размислувате за тоа што би сакале да правите во животот, но токму ова е она што го прави Меика Холендер.

Компанијата Sustain Natural чиј ко-оснивач, заедно со своите родители Шила и Џефри Холендер е оваа Американка, е прилично природна траекторија за некој кој пораснал во домаќинство кое го воделе ко-основачите на сеприсутната одржлива компанија за домаќинство, а нејзината прва работа била моделирање на органски пелени.

Во 2014 година, по добивањето на диплома на њујоршката Stern School of Business, со нејзините родители, ја основала оваа компанија посветена на природни производи, кои ви овозможуваат да имате секс кој е побезбеден за вас , за вашиот партнер и за околината.

Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека повеќето кондоми достапни на пазарот се произведени со помош на животински производ наречен казеин.

Казеинот како високо профитабилен нуспроизвод во млечната индустрија е главен протеин во млекото. Како таков го користат и таму кадешто не би очекувале.

Бидејќи повеќето производители на кондоми го користат казеинот, тие кондоми не моќеме да ги сметаме за вегански, па така, ако сте се одлучиле за овој начин на живот или пак сакате да имате секс со веган, набавете си вегански кондом.

Токму веганските кондоми се дел од палетата производи кои се произведуваат во Сустеин Натурал, заедно со вегански тампони, лубриканти, марамчиња и слични.

This Woman's Tampons and Condoms Are Vegan + Organic

This woman's sexual wellness company makes natural condoms, tampons, and more

Posted by NowThis Her on петок, 13 октомври 2017

[better-ads type='banner' banner='999' ]