Како да разговарате со децата за скокотливи теми?

Истражувањата покажале дека само еден од шест тинејџери разговара со своите родители за секс, што е прилично поразителен факт. Кога зборувате со нив обидете се да се однесувате кон него како кон возрасен, тоа е формула која секогаш функционира.

0
132

Сите родители по малку се плашат од денот кога ќе треба да разговараат со своите деца за скокотливи теми, односно за тоа како се раѓаат децата, поточно, за сексот. Еве неколку корисни совети за тоа како да разговарате со децата во согласност со нивната возраст.

За да разговарате со децата за овие теми, не мора да чекате детето да праша, или да „порасне малку“, можете да зборувате за секс со децата во предучилишна возраст, само говорот треба да се приспособи на нивната возраст.

Деца од предучилишна возраст

Децата на оваа возраст се многу љубопитни и бараат одговори на сите прашања. Ако сте бремени, а детето сака да знае како бебето влегло во мајчината утроба, одговорете искрено, без да спомнувате штркови, зелки, пчели и цвеќиња. Разговорот за сексот не треба да биде само еден, туку подготвувајте го детето за тоа штом ќе започне со првите прашања. За почеток, нека бидат кратки информации што тој може да ги разбере, а со текот на времето, раширете ја приказната и додајте детали.

Ако детето постави прашање, внимавајте да не ја преминете границата, но и да не му кажувате лаги.

Деца на училишна возраст

Кога ќе започнат со училиште, децата почнуваат да истражуваат самостојно, и многу пати се случува веќе да знаат некои информации дури и пред да започнете со тој разговор. Затоа е многу важно да бидете сигурни дека детето ги добива вистинските информации.

За почеток, кажете му на детето да ви каже без двоумење што точно знае за оваа тема, поправете сè што е неточно, потврдете што е точно и не претерувајте со информациите што детето сè уште не може да ги обработи. Со текот на времето, нивните прашања ќе станат подиректни и тоа е всушност знак дека сте завршиле добра работа.

Тинејџери

Истражувањата покажале дека само еден од шест тинејџери разговара со своите родители за секс, што е прилично поразителен факт. Кога станува збор за тинејџери, важен е начинот на кој разговарате со нив и каква порака ќе им испратите. Бидете што е можно појасни, не извртувајте ништо, кажете го тоа како што е. Од друга страна, пред да започнете разговор, треба да одлучите дали да ќе им кажете на децата дека сексот е дозволен само помеѓу сопружници, дали може да се доживее и претходно, но само ако постојат вистински чувства или пак нешто трето. Заземете го својот став, но објаснете му на детето зошто мислите така.

Зборувајте за сите оние важни работи како што се контрацепција и безбедност. Верувајте му на вашето дете и обидете се да се однесувате кон него како кон возрасен, тоа е формула која секогаш функционира.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]