Како да му всадите на детето почит кон родителите?

Ако вашето дете станува дрско и грубо кон вас, психолозите советуваат: Треба да го ставите детето во ситуации во кои јасно ќе види дека сте попаметни, посилни, дека можете!

0
512

Ако не сакате да го казнувате, но сепак сметате дека вашето дете отишло предалеку и ви се обраќа дрско и грубо, без ниту малку почит, психолозите советуваат дека треба постојано да го ставате во ситуации во кои ќе види дека  сте попаметни, посилни и дека можете се.

Но не можете да го ставате во такви ситуации ако сте во контакт со него само еднаш дневно, и тоа кога ќе се вратите изморени од работа. Но затоа е лесно да се добие почитта ако одите заедно во природа и правите некоја заедничка активност, возите велосипед, одите на рибарење, играте друштвени игри, кога заедно работите било што… Кога сте му пример на вашето дете. Бидејќи, теоретски е тешко да се биде лидер. Современиот начин на живот ни пречи да станеме лидери. Затоа, фатете го детето за рака и правец во природа, или на некој спорт, заедничка работа во дворот…било што друго, само БИДЕТЕ МУ ПРИМЕР!

[better-ads type='banner' banner='999' ]