Како да знаете кога му е на бебето премногу жешко?

Според Американската академија на педијатри презагревањето е поврзано со зголемениот ризик од синдромот на ненадејна смрт на доенчињата.

0
485

Со летните горештини и премногу облека може да се предизвика прегревање на телото на детето, што претставува сериозна закана за здравјето.

Американската академија на педијатри го поврзала презагревањето со зголемен ризик за синдромот на ненадејна смрт на доенчињата. Постојат неколку начини на кои можете да проверите дали му е на бебето премногу жешко.

Допрете ја главата и вратот на детето за да проверите дали се влажни. Тоа е знак дека се поти.

Погледнете му го лицето. Ако е поцрвено од вообичаено или се исфрлило, можно е дека телото се прегрева.

Наслушнете го како дише. Брзото дишење е симптом на прегравање. Допрете ги градите на детето. Ако се врели, тогаш е тоа уште еден знак дека е премногу топло.

Ако детето не може да заспие и е немирно, можеби му е претопло. Но, тоа може да биде знак и на некои други проблеми како грчеви или мокри пелени.

Порталот livestrong.com предупредува дека на новороденчињата не смее да им се прекриваат главите, освен ако не е ладно. Децата ја губат телесната топлина преку главата, па капата може дополнително да им го загрее телото. Исто така, децата облекувајте ги како и себеси со додаток на уште еден потенок слој, додека исклучок се прерано родените бебиња кои треба подобро да се затоплат. Ако спиете со бебето, имајте на ум дека ќе го загрее вашето тело, па не е потребно да го покривате.

[better-ads type='banner' banner='999' ]