Како да го научите детето да препознае злоставувач?

За родителите е вистинска мака да им објаснат на децата кои луѓе се опасни по нив, а на кои можат да им веруваат.

0
346

Веста дека 40-годишен маж се обидел да вовлече во автомобил дванаесетгодишно девојче од Борча, обидувајќи се да ја намами со ручек во еден ресторан, ја вознемирила јавноста во соседна Србија. За жал, ова се случува насекаде.

„Ќе те носам на сладолед, но немој да им кажеш на мама и на тато“; „Твоите родители се мои пријатели и ме замолија да те земам од училиште“; „Влези во автомобилот, ќе те водам на едно место“… се само некои од обидите на педофилите да ги намамат децата во стан, во автомобил, или на било кое друго место. Најлошо од се е што им успева затоа што децата се наивни.

Како да им се објасни на децата кои луѓе се опасни по нив, а на кои можат да им веруваат?

Никогаш не е рано за таков разговор

– Никогаш не е рано да се почне разговор со децата за тоа. Уште од првото одвојување и одење на самостојно играње со другите деца, мора да ги предупредите своите деца за можните опасности. Секако, во почеток децата мора да се надгледуваат и да се внимава на нив, а најважно е кога ќе дојдат дома да разговарате со нив.
Прашањата кои родителите ќе им ги поставуваат на децата по играњето мора да бараат подолги одговори, додава психологот.
Да се инсистира на детали
– Не поставувајте прашања на кои децата ќе ви одговараат со „да“ и „не“, туку нешто подолги. Прашајте кој се бил на игралиштето и како било, дали се случувало нешто невообичаено и дали имало некој непознат. Со помош на овие одговори можете да следите што се случува, но и да го научите детето во иднина да ви зборува за се што се случило. Тоа е нешто од што треба да се почне кога станува збор за превенција и заштита од педофили и киднапери.

Научете ги дека никој нема право да има со нив „тајни“ разговори

Научете ги децата дека возрасна личност нема причина да има приватни или таинствени разговори со нив, без оглед дали станува збор за непознат или за некој кој им е многу познат, туку дека тие разговори се одвиваат исклучиво во присуство на родителите. Исто така, убедете ги дека никој нема право да ги допира, особено не поинтимните делови.
Исто така, на децата мора да им објасните дека доколку возрасни лица им раскажуваат неприкладни вицови или го поддржуваат тоа што тие ги лажат родителите или кријат нешто од нив, дека се тоа всушност сигнали за предупредување. Педофилите на тој начин ги подготвуваат децата на таинствено однесување и децата ќе почнат да им веруваат повеќе отколку на родителите.
Лифт, автомобил, подароци од непознати
Исто така, учете ги дека ако некогаш случајно се изгубат или им е потребна некоја помош, да ја побараат од група на луѓе и на јавно место, а не од некој изолиран странец. Нека не влегуваат во лифт сами со непознати лица, нека не приоѓаат на автомобил ако некој непознат ги повика, наводно, за да ги праша или за да им даде нешто.
Многу е важно децата да научат дека никогаш не треба да земаат од непзонати лица ако вие не сте тука за да им одобрите.

Прилагодете го разговорот на возраста

– Родителите мораат да ја развијат довербата кај децата. Морааат да им бидат поддршка и никако не треба да ги критикуваат за секоја ситница. Мораат да го прилагодат разговорот на возраста на децата, да им објаснат кои допири се во ред, а кои не се, какви прегратки и бакнежи од возрасните лица се прифатливи а кои не се, а како што растат, да им се објасни и кои се последиците од таквите работи. Децата мораат да ги знааат последиците и постојано треба да им се укажува на нив, но никако не смеат да се заплашуваат.

Научете ги да викаат ако се злоставувани

Злоставувањето се случува главно кога е детето само со злоставувачот во автомобил, во соблекувална, училница, лифт. Родителите мораат да им објаснат на децата дека секога треба да се во друштво со некој од своите врсници и другарчиња и дека не постои причина да остануваат сами со возрасна личност.
Да викаат ако некој ги нападне и да им кажуваат на сите дека лицето што се обидува да ги вовлече во автомобилот не им е татко или мајка, за да можат минувачите да забележат што се случува.

Треба да го знаат вашиот број на телефон

Она што е веројатно и најбитно, родителите мораат да ги научат децата на бројот на телефон, на адресата за да може да им се обрати на луѓето на улица и да побара помош.
Најлесно во мрежата на злоставувачи паѓаат децата чии родители не се моментално преокупирани со детето поради проблемите што ги имаат: кавги, болест, развод, работа, или пак се презафатени. Педофилите најлесно можат да манипулираат со тажни или осамени деца.

Кога злоставувачот е од опкружувањето

Кога станува збор за сексуално злоставување, опасностите најчесто демнат пред училиштата или дури на домашниот праг.
Педофили се главно луѓе од кои такво однесување најмалку се очекува – учителот или учителката, тренерот, соседот од доверба, партнер или лице од потесното семејство.
Но најголем проблем е што е многу тешко да се посомневате во личност која ви е блиска. Сепак, внимавајте со кого го оставате детето и доколку и најмалку се посомневате во некого, следете што се случува и испитувајте го детето што прават кога се сами.

Како да знаете дека злоставувањето веќе се случило

За ова зборуваат самите деца кои најпрвин споменуваат детали. На тој налин ја проверуваат реакцијата на родителите. Претерана реакција или недоверба ќе ги наведат на тоа да го премолчат остатокот од приказната.
– Доколку нешто се случило, децата поради срам често избегнуваат да зборуваат за тоа. Важно е доколку забележите било каква промена кај детето, поразговарајте со него. Ако детето не сака да каже што се случило, најдобро е да го однесете кај психолог.
Обрнете внимание на тоа дали детето има повреди на гениталниот или аналниот дел, губење на апетитот, повлекување во себе, напади на паника, кои можат да бидат и присетување на насилството, невообичаен страв од одредени места, нагло одбивање на детето да остане само со одредени личнисти, но и самоповредување.
Децата често се случуваат виновни, такашто треба да ги охрабрите и да им дадете колку што е можно повеќе љубов и разбирање. Иако злоставувањето може да остави сериозни психички последици, со адекватна стручна помош, многу деца ќе можат да живеат и понатаму без последици.

[better-ads type='banner' banner='999' ]