Како да ги разберете тинејџерите? Сетете се…

Најлесно е да им се налутите на тинејџерите, да зборувате дека се невозможни, да се држите за глава заради нивното бунтовништво, но многу е попаметно да се обидете да ги разберете.

0
225

Оние кои имаат деца на оваа проблематична возраст, знаат за што зборуваме. Факт е дека децата во тие години се тврдоглави и го менуваат расположението, се затвораат во себе, експериментираат со физичкиот изглед. Повеќето родители пак, не размислуваат зошто нивните адолесценти се нервозни и дрски, туку најчесто ги обвинуваат. Психолозите велат дека клучот за воспоставување нормална комуникација со вашите деца тинејџери, е да си го вратите филмот назад и да се сетите низ какви маки сте поминувале вие во тие години.

Тогаш ќе имате повеќе разбирање за нив, а тие ќе почнат да се отвараат кон вас. Затоа што во тоа време, децата немат развиени вештини на соочување со проблемите, па единствено знаат да драматизираат и да се лутат, а несигурни се и чувствителни поради повеќе работи:

– Промените на телото
– Императивот да го изградат личниот идентитет
– Односите со врсниците
– Се пообемните училишни обврски
– Притисоците од околината и обвинувањата за нешто за што сметаат дека не се виновни
– Неправда во оценките
– Недостиг на можност да ги изразат своите мислења
– Високите очекувања на родителите
– Првите љубови

Студијата изработена во рамките на 967 американски семејства покажала дека строгата вербална дисциплина кај тинејџерите предизвикува уште полошо однесување во наредните години. Затоа, наместо да ги напаѓате, прашајте ги со какви дилеми и проблеми се соочуваат, слушајте ги внимателно додека ви раскажуваат, насочете ги кон решение, без да го наметнувате и задолжително покажете им дека се грижите за нив.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]