Како да бидете поопуштен родител со повеќе нерви?

Родителството е една од најтешките задачи кои ви ги поставува животот. И за разлика од другите „професии“, тука немате детален „опис на работата“. И децата не доаѓаат на светов со „упатство за употреба“. Но постојат многу совети кои можат да ви помогнат на тој пат.

0
248

Еден од соверемените пристапи кога станува збор за родителството е да бидете поопуштени и посмирени отколку што била генерацијата на вашите родители.

Тоа значи дека децата би требало да ги воспитувате без предрасуди во поглед на емоциите кои се јавуваат на „двете страни“, да го прифатите секој ден како скапоцен подарок и да уживате во секој момент од растењето.

Еве неколку совети кои можат да ви помогнат во тоа.

Научете да ги прифатите ситуациите онака како што наидуваат.

Кога ќе се соочите со викање, карање, напади на плачење или генерално, кој било вид на однесување со кое детето покажува отпор, природно е да почувствувате фрустрација и да почнете да се нервирате. Но со тоа само ја влошувате ситуацијата. Наместо да почнете да викате, обидете се да се тргнете настрана. Дистанцирајте се и гледајте што се случува, но не учествувајте. Лесно може да се случи набрзо да забележите дека нападите на бес наеднаш поминуваат многу побрзо од претходно, сега, кога повеќе не сте заинтересирани да учествувате во драмата.

Немојте да бидете премногу строги кон себе

И вие како и вашето дете сте само човечко суштетство. Наслушнете како се чувствувате. И дури и кога не ви се допаѓа тоа што ќе го забележите, не судете си премногу строго. Сѐ што се случува се само секојдневни нови искуства, не е во прашање никакви „повисока вистина“. Кога ќе прифатите ваков пристап, брзо ќе научите да извлечете поуки кои ќе ви бидат од корист во иднина, а останатото едноставно ќе го заборавите.

На пример ако вашето дете денеска беснее затоа што не сакате да му купите играчка, разбирливо е дека веројатно набрзо и вие ќе се разгневите. Но наместо тоа, почнете да размислувате за тоа дека вашето дете се однесува како разгалено дете, размислете и зошто тоа толку ве вознемирува. Вреска? Па ќе престане. И тоа многу побрзо отколку што очекувате, штом ќе сфати дека немате намера воопшто да се впуштате во разговор на таа тема.

Прифатете го однесувањето и чувствата на своето дете дури и кога не ги одобрувате.

Кога ќе успеете да го постигнете тоа, ќе забележите дека сте многу посмирени. Земете го примерот кој веќе го спомнавме, детето да беснее затоа што не сакате да му купите играчка. Многу често може да се слушне неговото очајничко „не е фер“. Наместо да почнете да викате и да му објаснувате на детето зошто не е во право, едноставно кажете: „можеби, но јас одлучив така“, и останете на оваа одлука.

Многу е важно да најдете рамнотежа помеѓу екстремите.

На пример, наместо „не можеш да ја добиеш играчката“, можеби можете да кажете „можеме да видиме дали ќе ја сакаш таа играчка и тогаш кога ќе ти биде роденден“.

Уште еден од наините за одржување на рамнотежа е кога е тоа можно да му понудите на детето избор. Ако се натегате околу тоа дали сака да јаде некој зеленлук, не го прашувајте дали сака зеленчук, туку дали сака една или две лаживи боранија или нешто друго за што станува збор во тој момент.

Трудете се да живеете во согласност со своите убедувања.

И не заборавајте дека секој родител е секогаш најголем пример за сопственото дете. Затоа потрудете се вашето однесување секогаш да е одраз на вашите морални принципи, да бидете секогаш искрени и доследни, внимателни кон другите. Знаете, можете да очекувате од детето никогаш да не ве лаже само ако вие него не сте го излажале никогаш.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]