Како ги уништувате вашите деца со слатки?

Има многу мајки на кои им е „слатко“ кога детето јаде слатки и не разбираат колкава штета му нанесуваат на сопственото дете на подолги стази. Само затоа што последиците од нешто не се гледаат веднаш, не значи дека никогаш нема да се појават.

0
284

Многу е важно на вашето дете да му всадите здрави навики во исхраната уште од рана возраст; сепак, има многу мајки на кои им е „слатко“ кога детето јаде слатки, а не разбираат колкава штета му нанесуваат на сопственото дете на подолг рок.
Грубо кажано, шеќерот затапува. Шеќерот ја уништува концентрацијата и способноста за учење.

Со тоа што на вашето дете многу рано му давате слатки, му создавате навика да сака само слатка храна, а дополнително му акумулирате токсини во телото кои ќе му прават проблеми подоцна во животот. Само затоа што последиците од нешто не се гледаат веднаш, не значи дека никогаш нема да се појават.

Шеќер и заби

Слатките, меѓу кои се бисквитите („на кои сите сме пораснале, па ништо не ни фали“), чоколадото и сувото овошје, содржат големи количини шеќер.

Процесите кои водат до расипување на забите започнуваат во моментот кога вашето бебе ќе биде изложено на шеќер. Шеќерот го засилува растот на бактериите и киселините кои предизвикуваат расипување на забите. Некој просек кога никнуваат првите заби е помеѓу 6 и 9 месеци, иако кај некои бебиња никнуваат порано, па дури се случува бебето да се роди со заб или два. Без разлика колку заби има вашето бебе, ќе добие кариес. Дополнително, раното консумирање на слатки кај детето подоцна може да доведе до прекумерно консумирање на истите. Практично, го правите вашето дете зависно од шеќер, кој се смета за еден од 4 видови бела смрт (шеќер, сол, брашно и маснотии).

Здравје

Слатките се висококалорична храна, полна со шеќер и без никакви здрави хранливи материи, како што се протеини, витамини и минерали. На вашето бебе кое расте секој ден, му треба урамнотежена исхрана која ќе му ги обезбеди сите намирници неопходни за раст и развој, а тоа го НЕМА во слатките. Раното давање слатки може да има сериозни последици подоцна во животот. Слатките се полни со празни калории и можат да влијаат на зголемување на телесната тежина. Дебелината кај децата станува голем проблем. Дебелината е здравствена состојба која го зголемува ризикот од висок крвен притисок, дијабетес, апнеја при спиење, замастен црн дроб.

Препораки

Не е препорачливо да му давате слатки на детето пред втората година, а секако и што е можно поретко после тоа. Во спротивно, можете да го уништите за цел живот со тоа што уште од мали нозе ќе го научите да биде зависник од шеќер, ќе му ги расипете оброците (нема да сака да јаде зеленчук, овошје, а зошто би јадел кога не се доволно слатки?!).
На вашето бебе му е потребна висококвалитетна храна, како свежо овошје, зеленчук, месо, житарки, кои содржат многу важни витамини, минерали и протеини кои се исклучително важни за физичкиот и менталниот развој.
Постои истражување кое докажува дека раното и постојано внесување на шеќер на долг рок ја уништува концентрацијата и способноста за учење.
Во првите три години од животот, детето ќе се развива, физички и психички, во однос на тоа каква му е исхраната. Размислете за тоа.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]