Какви последици остава разводот на родителите врз развојот и однесувањето на децата

Ако родителот не може сам да му помогне на детето, секогаш може да се обрати некому кој ќе му пружи стручна помош.

0
536

Често можеме да слушнеме и да прочитаме како разводот неповолно влијае на децата, нивното раснење и развој. Но тоа нужно не мора да биде така. На повеќето родители им е природно да го заштитат и да го поддржат своето дете, како што најдобро знае во тој момент. Понекогаш за такво нешто е разводот и потребен. Во продолжение можете да ги прочитате двете страни од медалјата, односно оние позитивни и негативни работи кои разводот може да му ги донесе на детето.

Негативната страна од медалјата

Ако комуникацијата помеѓу родителите или со детето не е добра, тоа секако влијае на детето.

Не е доволно детето да се сака. Потребно е, велат стручњаците, да му се помогне да се прилагоди на новонастанатата ситуација, да се комуницира со него и да му се покаже со дела дека секогаш може да смета на вас. Она што е исто така многу битно е добрата комуникација помеѓу двајцата родители.

Ако односите станале нерасчистени и често доаѓа до викотници, кавги, па дури и до физички контакт, детето може да се чувствува тажно и незаштитено.

Тоа се покажува преку:

Нагло  паѓање на оценките

Агресивно однесување

Физичко насилство над врсниците

Чувство на вина и срам поради разводот

Депресија

Напнатост

Вовлекување во разни неволји

Пореметувања во исхраната

Проблеми со спиењето

Проблеми со алкохол и дрога

Детето чувствува тензии, сака неговите родители да се почитуваат и да се сакаат, сака да се чувствува мирно. Кога не може да го има тоа, со својата промена на однесувањето вика напомош. Ако родителот не може сам да му помогне на детето, секогаш може да се обрати некому кој ќе му пружи стручна помош.

Исто така, потребно е да се има искрен однос со детето, но и да се дозираат информациите во сгласност со неговата возраст. Самиот развод е веќе доволно стресен и за родителите и за детето, па е многу битно ситуацијата да се направи помалку болна.

Позитивна страна од медалјата

Одлуката да се замине од бракот во кој владее емоционално, психичко и физичко малтретирање, не е само добра одлука, туку и обврска на секој родител кој ќе се најде во таква ситуација.

Ако разводот значи дека детето ќе биде одвоено од родителот кој го малтретира семејството, тогаш е тоа најпаметното што може да се направи. Потребно е да се преземе контрола за доброто на своето дете, со сите сили да се спречи натамошното малтретирање и да се направи сѐ детето да се чувствува заштитено.

Истражувањата покажале дека дури 50 отсто од браковите во светот завршуваат со развод. Но добра вест е дека децата чии родители се разведени не ги чувствуваат негативните последици од тој развод, доколку родителите имаат коректни односи, нормално комуницираат помеѓу себе и го ставаат детето на прво место. Во тој случај, детето се чувствува прифатено, сакано и поддржано.

Исто така, потребно е да му се дозволи на детето да помине низ сите фази на тагување, треба да се биде со детето, да не се зборува лошо за другиот родител, да се направи дневна рутина за полесно снаоѓање, па дури и да се пронајде стручна литература соодветна на возраста на детето.

Ако се родителите среќни и работат во корист на детето, среќно е и детето. Затоа е разводот понекогаш најдобрата можна опција. Задача на родителите е да го заштитат, да ги спречат потенцијалните трауми, да разговараат со него…

Како што веќе споменавме  поранешните партнери би требало да останат во коректни односи и по потреба да се побара некој кој на детето ќе му го олесни процесот на прилагодување, како на пример, психолог.

Фото: Kevin Gent on Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]