И хиперлактацијата е проблем!

Секоја мајка која води битка со доењето ќе каже: „благословени се жените кои имаат уредна и доволна количина млеко“, но што се случува кога е ситуацијата обратна, кога мајката има премногу млеко? Какво е вашето искуство?

0
552

Најдобра храна за бебето е секако мајчиното млеко, па со право секоја мајка која води битка со доењето ќе каже: „благословени се жените кои имаат уредна и доволна количина млеко“. Но што се случува кога е ситуацијата обратна, кога мајката има премногу млеко? Тогаш е потребно внимание при хранењето, односно доењето на бебето, особено ако зголемената количина млеко е поврзана со пресилен рефлекс на отпуштање на млеко.

Што е рефлекс на отпуштање млеко?

Наједноставно кажано, станува збор за рефлекс на отпуштање на млеко од дојките, кој се случува како реакција на цицањето на бебето. Во нормални услови тој рефлекс обезбедува оптимален проток на млеко, но понекогаш, кога се произведува премногу млеко, токј може да биде премногу силен. Тогаш протокот на млеко низ брадавицата е преобилен и чест, млекото влегува во устата на бебето ненадејно, брзо и во млаз.

Кои се опасностите за бебето?

Ако бебето не може или не успее да го пороголта тој премногу силен млаз млеко или таа количина, може да дојде до гушење, односно, неможност од правилно дишење.

Може ли доилката да има премногу млеко?

Секако дека може. Некои жени дури и со издојување и со чести хранења и натаму имаат премногу млеко, односно, хиперлактација.

Меѓутоа, на мајките им е тешко да одредат колку млеко е премногу млеко. Некои од симптомите на хиперлактација се:

Тешки, болни и воспалени дојки

Истекување на млекото

Воспаление на млечните канали

Покачена температура

Останати проблеми поврзани со хиперлактацијата

Кога мајката има хиперлактација и бебето може да има некои од следните проблеми:

Прејадување

Бебиуњата сакаат да цицаат и сакаат да го прават тоа што почесто и што подолго. Кога мајката која има премногу млеко често се случува бебето да се прејаде. Тоа може да се утврди кога бебето често повраќа по цицањето и кога брзо и многу добива на тежина.

Грчеви

Мајките кои имаат повеќе млеко обично го дојат бебето на двете дојки во текот на истото доење, на секоја дојка поо неколку минути. Така бебето добива многу од т.н.прво млеко од двете дојки, додека она најквалитетното млеко често доаѓа подоцна. Некои лекари го поврзуваат тоа со појавата на грчеви или колики.

Гасови

Таканареченото прво млеко е поводенесто и содржи многу лактоза, што кај некои бебиња предизвикува гасови, а тоа значи многу плачење и болки во стомачето, односно, во цревата.

Што може да направи мајката кога има хиперлактација и премногу силен рефлекс на отпуштање на млекото?

  1. Во текот на едно доење понудете му ја на бебето само едната дојка.
  2. Втората дојка понудете му ја после 15-20 минути доење на првата.
  3. Почесто кревајте го бебето да подждригне затоа што кај вишокот млеко бебињата голтаат повеќе воздух.
  4. Испробајте разни положби за доење. Ако со грбот се спуштите подолу, можете да го намалите премногу силниот рефлекс на отпуштање на млеко.
  5. Издојте го „првото“ млеко и испразнете ја малку дојката пред доењето за да го намалите рефлексот на отпуштање на млеко и притисокот.
  6. Бидете внимателни при доењето кое е всушност повеќе начин бебето да се смири и да заспие, отколку што е хранење, затоа што е тогаш бебето посонливо и има послаб рефлекс за голтање.
[better-ads type='banner' banner='999' ]