Ин витро, сурогат мајки и видео упатство – како да си направите бебе сами?

Американката Дани Морин решила да стане мајка и успеала во тоа, а во видеото кое го снимила за ТикТок, покажала како може да се забремени без помош на партнер или на доктор. Ееее, кај отиде светов...

0
430

Многу млади жени, па и истополови двојки стануваат родители по пат на вештачко оплодување, како и со помош на сурогат мајки, но во САД ова е отидено дотаму што жените кои немаат партнер, а не сакаат ниту да одат во болница, можат да ја направат инсеминацијата и сами, во домашни услови.

Една жена од Калифорнија, Дани Морин, решила да стане мајка и инсеминацијата да ја направи сама, во својот дом, а на ТикТок објавила видео во кое објаснила како може да забремените без помош на партнер или доктор.

Во видеото со 8,2 милиони прегледи, Морин го објаснува процесот на кој спермата се вметнува во матката на жената без сексуални односи.

За почеток, таа советува да се снабдите со додатоци кои ја зголемуваат плодноста и финансиската подготовка за бебето.

„Потоа започнува истражувањето на банката на сперма и пронаоѓањето на донаторот. Еден примерок чини 800 американски долари плус 200 американски долари за поштарина“, продолжува таа.

Примерокот го добила во рок од два дена. Морин вели дека жените треба да ја следат овулацијата пред оплодувањето за да знаат кога е вистинското време за постапката.

„12 часа подоцна, време е“, додава Морин која го инјектира примерокот и чека 15 минути.

„Инјекцијата треба да се третира како тампон. Откако ќе ја вметнете, можете да одморите половина час, но проверете дали нозете да ви се на повосико”, предупредува таа.

По 14 дена, Морин прави тест за бременост за да види дали постапката е успешна.

„И тоа е тоа. Направете сами бебе“, порачува Морин која е во напредната фаза на бременоста.

Впрочем, погледнете го нејзиното видео.

Здравствените експерти не се согласуваат целосно околу домашната инсеминација. Постојат ризици кои можат да бидат благи како грчеви, но и потенцијално фатални затоа што може да дојде до инфекции. Во САД, ова прашање е сива зона, наведува Slate.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]