Има 19 години и наскоро ќе има 4 деца (ВИДЕО)

Тинејџерка која веќе има три деца, а е бремена со четврто, стана мета на бројни критичари преку социјалните мрежи.

0
243

Младата жена по име Клер преку својот профил на ТикТок се пофали дека е среќно мажена, има свој дом и се чувствува благословено. Обраќајќи им се на своите следбеници, таа им возвраќа на критичарите, објаснувајќи дека „оние кои ја мразат ѝ ги плаќаат сметките“.

@mamaclaire00

Reply to @flimango_18 welcome to my page! Stay a while 💕✨ #fyp #introducingme #teenmom #pregnancy

♬ Can’t Break Me – YXNG K.A

Раскажувајќи ја својата животна приказна, таа вели дека го родила синот Лук кога имала 18 години, а неговиот татко починал. Кога Лук имал 3 или 4 месеци, го запознала сегашниот сопруг и многу брзо потоа се венчале.

„Помеѓу нас има разлика во возраста и затоа сум мета на толку хејтери. Моментално сум бремена во 5-ти месец, а тој има две деца од претходниот брак, син и ќерка“, вели Клер.

„Имам 19 години и наскоро ќе имам 4 деца и имам сопруг и го обожавам мојот живот“, вели таа, тврдејќи дека е далеку од несреќна.

Во друго видео таа објавува дека на 19 години веќе има отплатен автомобил, куќа, семејство“.

Многу луѓе продолжија да бидат сурови со коментарите и покрај нејзините објаснувања за тоа како води среќен живот. Едно лице напишало: „Во ред, за 10 години ќе погледне наназад и ќе сфати дека го потрошила своето време“.

„Кутро девојче, толку многу пропушташ“, додава друг.

Една од корисничките отишла дотаму што тврди дека си го „уништила животот“.

Има и такви кои ја поддржуваат: „Зошто толку омраза? Изгледа дека ѝ оди доста добро“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]