Имаме ли доволно време за своите деца?

Една добра опција која се покажала како корисна кога станува збор за добивање време за себе, за своите деца и за семејството, е да го менаџирате слободното време еден ден претходно. Земете лист хартија и пишувајте....

0
128

Системот во којшто живееме честопати ни го диктира и распоредува времето во текот на денот.

Родителите во ова денешно општество се поставени пред безброј предизвици и
задачи кои треба да ги завршат во текот на еден ден, а притоа да имаат време за своите најмили, за своите деца и за семејството.
Што можете да направите? Една добра опција која се покажала како корисна е да го
менаџирате слободното време еден ден претходно, особено ако сте родител кој е
професионално ангажиран со работа.

Можете да земете еден лист хартија и да ги запишете сите важи утрешни обврски. Заокружете го слободното време кое ви преостанува од денот. Тоа време обидете се да го распоредите со цел да имате еден дел за вас, а дел за вашето семејство, за вашите деца.
Ако работите до попладневните часови кога ќе стигнете дома одморете се половина час. Ако имате можност, бидете во посебна соба. Можете едноставно да седите во тишина, да медитирате, да слушате музика, да спиете, итн.
Откако ќе се смират вашиот ум и вашето тело, ќе бидете посвежи и ќе можете да останете ментално поприсутни со вашите деца.
Поминувањето време со вашите деца е клучно за нивниот социо-емоционален развој. Ако се во предучилишна возраст можете заедно да играте некоја игра. Ако се во школска возраст, можете да ги насочите во училишните обврски, а откако ќе ги завршат да правите нешто заеднички. Можеби прошетка, филм, готвење и сл. Родителите кои имаат деца адолесценти знаат дека во овој период независноста кај децата е поизразена. Повеќе време поминуваат со своите врсници. Дајте им ја слободата, но истовремено поставете ги границите. Разговарајте отворено за различни теми поврзани со нивниот емоционален живот и обидете се да влевате доверба за да биде вашето дете поотворено и посигурно кога сака нешто да ви каже.
Доколку ви преостанува уште кратко време пред да легнете да спиете, искористете го
само за вас. Направете нешто што ве исполнува. Вежбање, филм, музика, книга, итн.

Ана Пејовска, психолог

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]