Зошто родителите кои цело внимание го усмеруваат на децата, добиваат анксиозни и депресивни единки?

Премалку внимание во никој случај не е добро. Премногу внимание понекогаш може да биде и полошо.

0
431

Каде е проблемот? Зошто родителите, кои целото внимание и грижа ги насочуваат на своите деца, всушност воспитуваат депресивни и анксиозни лица?

Премалку внимание во никој случај не е добро. Премногу внимание понекогаш може да биде и полошо.

Познавам голем број родители кои кажуваат реченици како: „Јас живеам за своите деца. Моите деца се единственото нешто што ми е важно во животот. Јас работам само за тие да успеат и да завршат факултет“.

Таквите родители се откажуваат од своите интереси, пријатели, не користат време за себе. Дури и ако се случи да ја напуштат куќата, што не спаѓа во категоријата рутински излегувања на работа или на пазарење, таквите родители се однесуваат како да одат на петнаесетдневно патување на исток. На децата сто пати им повторуваат што да прават во нивно отсуство, се извинуваат што ја напуштиле куќата и штом стигнат до целта, ги повикуваат да проверат дали сè е во најдобар ред.

Воспитувањето деца за родителите е секогаш предизвик кој дополнително се зголемува кога станува збор за самохрани и разведени родители. Тие, скоро по правило, чувствуваат вина заради погрешен избор на партнер, а во исто време стравуваат дека поради тој неуспех, нивните деца се изложени на ризик од емоционални проблеми. Таквите родители без дискусија избираат да престанат да размислуваат за себе, насочувајќи го целото внимание на своите деца, до тој степен што запаѓаат во состојба на фузија. Таквите родители се чини дека постојано имаат чувство на вина и потреба да се оправдаат поради тоа.

Кога ќе се занемарите себеси и своите потреби во корист на вашите деца, не им правите никаква услуга. На што всушност ги учите, ако ги игнорирате своите потреби поради нив? Ги учите да го жртвуваат она што се.

Вистината е дека децата, кога се мали, сакаат да им се принесува, па можете да видите родители кои и на мало кенкање трчаат кај децата. Тоа ги прави овие деца разгалени, со лишена фантазија.

Каде е проблемот?

Одговорот лежи во самиот родителски страв од разделба. Родителите не сакаат нивните деца да пораснат. Грижата за децата и решавањето на нивните проблеми служат како средство за пополнување на сопствените „психолошки дупки“ и поради тоа тие продолжуваат да се мешаат во нивните животи дури и кога се во фаза на длабока зрелост. Во денешно време, родителите имаат помалку деца, инвестираат во нив и очекуваат нивните деца да ги исполнуваат нивните желби и да ги израдуваат со нивното достигнување (не е мал бројот на родители кои имаат вистински стратегии за своите деца, од избор на училиште до животен партнер).

Овој едукативен стил има последица дека на „психотерапевтскиот кауч“ сè повеќе се среќаваме со млади, кревки луѓе кои доживуваат вистински слом доколку се случи нешто што не е во согласност со нивните очекувања и желби.

Она што возрасните го игнорираат е фактот дека децата без стресни искуства како непријатност, неуспех, големи напори да постигнат нешто – не можат да развијат „психолошка еластичност“.

Во теоретските и стручните кругови, постои полемика за нешто што наликува, се осмелувам да кажам, на „инфлација на нарцизам“. Нарцисите се среќни во раното детство кога се центар во семејната куќа, но како што растат и се соочуваат со светот со нарцисоидна самодоверба, се појавуваат депресија и анксиозност.

Растејќи, проблемите се натрупуваат. Таквите лица имаат компромитирани способности за соработка со други, тешко се справуваат со ограничувањата. На работа, очекуваат сè да им биде интересно, бидејќи се така навикнати. Тие не се отпорни на критиките на шефовите и очекуваат постојани пофалби.
Јасно ви е дека тука нешто не е во ред и јасно ви е дека таквите лица страдаат.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]