Зошто на девојчињата не смеете да им зборувате дека се убави?

Кога доста време зборувате за нешто, испраќате порака дека таа тема е доста важна. Исто е и кога разговарате со своите деца затоа што тие учат имитирајќи ги блиските, особено своите родители.

0
494

Ако редовно разговарате со вашите деца за љубезност, учете ги дека љубезноста е важна. Ако често го фалите тоа што ги споделуваат своите играчки со другите деца, покажувате колку ја цените великодушноста.

А кога постојано им зборувате на девојчињата дека се убави, истакнувате колку е важен физичкиот изглед.

Со истакнувањето на изгледот кај девојчињата, не само што нагласувате дека физичкиот изглед треба да се цени повеќе од другите особини, туку учете ги девојчињата да размислуваат различно од момчињата. Дури и кога првпат ќе видите некое девојче, го коментирате неговиот изглед, но тоа всушност се случува автоматски. Несвесно коментирате како е некое девојче слатко и убаво, додека за момче ќе кажете дека е големо и напредно за своја возраст.

Но со малку пракса можете да ги научите девојчињата на други животни вредности. Низ разговори би можеле да им покажете на девојчињата од мали нозе дека почитувате други особини кои немаат врска со нивниот изглед. Следниот пат кога ќе видите некое девојче, свое или туѓо, размислете за сите останати особини кои ви се допаѓаат на неа и усмерете го разговорот во таа насока.

Ако немате идеја како да го направите ова, ова се некои насоки.

Поставете му на девојчето прашања – отворените прашања помагаат во израдба на јазични и мемориски вештини, а ќе покажат дека сте заинтересирани за неговиот живот. Прашајте го девојчето што учи и што сака да прави, замолете го да ви опише нешто, да ви ги покаже омилената играчка или книга.

Размислете зошто ви е важно – ако станува збор за ваше дете или за внука, кажете ѝ дека сте среќни што ја гледате, дека често размислувате за неа и дека ве интересира како се чувствува.

Пофалете ја – кога напорно работи и не се откажува, секако пофалете ја. Пофалете ја и нејзината љубопитност и желбата з аучење нови работи. Исто така, покажете ѝ дека го цените тоа што е љубезна и пристојна кон другите.

Сите тие идеи можете да ги примените и на момчињата, но нагласокот е ставен на девојчињата затоа што немаме тенденција да се фокусираме на тоа како изгледаат момчињата.

Не дозволувајте ваквите навики да им испратат на девојчињата порака дека е изгледот поважен од начинот на кој размислуваат, се чувствуваат или се однесуваат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]