Зошто интензивното родителство е лошо за мајките?

Ако и вие се чувствувате лошо, новите истражувања укажуваат на тоа дека причината би можела да биде интензивното родителство! Имено, ако сте мајка која верува дека ништо не е поважно (дури ни вашето време, здравје или потреби) од вашето дете, можеби имате сериозни проблеми затоа што сте т.н.„интензивна мајка“.

0
568

Родителството може да биде прилично предизвикувачко и бара доста вештини и знаења. Сѐ на сѐ, тоа е една напорна задача. Многу жени го идеализираат родителството како едно од најубавите животни искуства кои во целост ќе ги исполнат.

Но секој родител ќе се согласи дека овие убави чувства се испреплетени и со некои други, не толку пријатни, како што се грижата, немирите и, секако, депресијата. Истражувањата дошле до различни заклучоци, додека едни покажуваат дека се родителите посреќни од оние кои не се родители, други пак укажуваат на тоа дека родителството му штети на менталното здравје. Ова е т.н. „родителски парадокс“ кој психолозите и родителите го користат веќе подолго време.

Интересно е тоа што мајките се под поголем ризик од татковците.

Што е тоа во врска со родителството кое ја влошува менталната состојба? Дали постои одреден тип на мајки кои се под поголем ризик од другите?

Одговорот е да! Колку е мајчинството поинтензивно, толку полошо по вашето ментално здравје. Ова го покажало истражувањето на Универзитетот Мери во Вашингтон, кое го направила Кетрин Ризо со своите колеги.

Авторите го дефинираат интензивното родителство како она кое ги опфаќа следните фактори:

Неопходност: Мајките, а не татковците, се најважните и најспособните родители.

Исполнетост: Среќата на родителите доаѓа исклучиво од нивните деца.

Стимулација: Ја подразбира идејата дека родителите треба секогаш на децата да им нудат стимулативни активности кои му помагаат на нивниот развој.

Предизвик: Родителството е најтешка работа, потешка од било која друга работа.

Децата на прво место: Родителите треба секогаш да ги жртвуваат своите потреби заради детските.

Колку повеќе од овие фактори се присутни во мајчнството, жената е „поинтензивна мајка“. Со истражувањето се опфатени 181 мајка со деца до 5 години, а авторите ја истражувале и помошта која мајките ја добиваат од семејството како и дали се депресивни, под стрес и колку се генерално, задоволни од својот живот.

Она што го откриле е дека „стилот на родителството“, а не да се биде родител воопшто, му штети на менталното здравје и дека поинтензивните мајки имаат полошо ментално здравје.

Мајките кои најмногу го применуваат факторот „неопходност“, односно, веруваат дека се тие поважни и поспособни  родители од татковците, се под поголем стрес и се помалку задоволни од својот живот. Не биле во депресија што значи дека чувството на „неопходност“ претставува некој вид на заштита од депресија.

Мајките кои веруваат дека нивната работа е потешка од било која друга биле депресивни, под стрес и помалку задоволни од животот воопшто. Од друга страна, мајките кај кои е детето во центарот на вниманието, биле помалку задоволни со животот, но со помалку стрес и депресија.

Од сите мајки опфатени со истражувањето, околу 23% биле депресивни, што е значајно повеќе од депресијата на целата популација (која е на ниво околу 6,7% како што пишува Националниот институт за ментално здравје САД).

На крајот, авторите се прашуваат, „ако е интензивното родителство толку негативно за менталното здравје, зошто жените го применуваат?“.

Веројатно и многу мајки си го поставуваат ова прашање. Авторите на истражувањето велат дека „мајките на тој налин се чувствуваат подобри, па се подготвени да го жртвуваат своето ментално здравје за да ги подбрат когнитивните, социјалните и емоционалните способности на децата. А во стварноста, интензивното родителство може да има тотално спротивен ефект.

Лесно е да се верува дека секоја мала работа што ќе ја направиме за детето има одличен ефект на нивниот развој или успех во животот. Но тоа едноставно не е вистина. Ставањето на менталното здравје во иста линија со децата или дури на прво место, е најдобро! Децата учат гледајќи и се многу интуитивни па затоа најдобро што можете да ги научите е дека работите на сопствената среќа и ментално здравје!

[better-ads type='banner' banner='999' ]