Зошто изгладнетите деца во Африка имаат надуени стомачиња?

Станува збор за сериозна протеинско-енергетска неисхранетост која ја карактеризира едем - нездраво натрупување на течности во телесните празнини - и црн дроб полн со маснотии. Квашиоркор е болест која најчесто се дијагностицира кај децата кои живеат во општества кои ги карактеризираат сиромаштија и глад.

0
1177

Големиот стомак обично се поврзува со изобилие од храна, односно со вишок на телесни масти. Меѓутоа, во тој случај, големите стомаци кај децата кои не живеат во развиените земји, немаат логично објаснување. Постои некоја друга причина?

Нема сомнеж дека децата во сиромашните земји се неисхранети. Тоа може да се види и по нивните тенки рачиња и ноџиња. Меѓутоа, нивната неисхранетост не изгледа како оние тешки случаи на анорексија. Неисхранетоста, проследена со необично натечен стомак е предизвикана од недостаток на исклучително важната состојка – протеините. Овој вид на неисхранетост е позната како протеинско-енергетска неисхранетост.

Терминот е кованица на педијатарката од Јамајка, Сисли Вилијамс, една од првите дипломирани студентки на Оксфорд и познат пионер во истражувањето на здравјето на мајките и децата.
Неисхранетоста погодува околу 20 отсто од населението во Африка, седум отсто од популацијата во Латинска Америка и повеќе од 12 отсто во Азија. Ако на ова се додаде населението кое го погодува гладта, тогаш околу две милијарди луѓе во светот не се прехранбено обезбедени.
Фото: Youtube
[better-ads type='banner' banner='999' ]