ПОЧЕТНА ТОП 5 Зошто е добро на децата да им биде здодевно за време на...

Зошто е добро на децата да им биде здодевно за време на летниот распуст?

Истражувањата покажале дека досадата ги поттикнува возрасните на благородни одлуки и активности. Иако исти истражувања не се спроведени и кај деца, нема причина да не веруваме дека и кај нив може да има слични последици. Освен тоа, досадата ги поттикнува и креативноста, социјализацијата,...

0
566

Кога трае учебната година, се жалат затоа што имаат премногу обврски и задачи. Кога е лето, се жалат дека им е здодевно. Но стручњаците велат дека тоа има низа позитивни влијанија врз психо-емоционалниот развој на децата.

Затоа немојте постојано да се мачите смислувајќи разни содржини за децата и организирани активности и оставете ги едноставно да бидуваат. Еве неколку причини поради кои е досадата добра за нив.

Ја поттикнува креативноста

Истражувањата покажуваат дека искуството на досада може да доведе до поголема креативност затоа што му дозволува на нашиот ум да „талка“ и да создава разни нови идеи кои не се структурирани. Студиите покажуваат дека децата кои не го минуваат времето пред екраните кои нудат готови концепти и идеи, постигнуваат подобри резултати на тестовите за креативност.

Досадата ја поттикнува самостојноста и независноста

Кога им е здодевно, децата во еден момент ќе почнат да размислуваат како сами да си го исполнат времето. Ќе размислуваат што сакаат да прават, како тоа сакаат да го прават и ќе се фрлат самостојно во активности. Доволно е родителите само малку да ги поттикнат во тој смер, наместо тие да им ги осмислуваат активностите.

Досадата учи на вештината на решавање на проблеми

Решавањето на проблеми е клучна вештина за добар живот. Тоа подразбира и носење на одлуки и последици кои тие одлуки ги имаат, па досадата е исто така и моќен алат во кој децата можат да научат и да одлучат да го решат проблемот на досадата. А ќе го решат такашто ќе одлучат што сакаат да прават со своето време, своите интереси и способностите. Децата ќе научат дека досадата е состојба која е во целост под нивна контрола и потоа ќе носат конструктивни решенија наместо да се чувствуваат околу тоа беспомошно или луто (како во некои други ситуации над кои немаат контрола).

Досадата ги мотивира децата да создадат нови искуства

Во студијата од 2012, објавена во стручната публикација Perspectives on Psychological Science стручњаците го дефинирале феноменот на досада како: „Состојба во члие средиште е ќелбата да бидеме во интеракција со светот околу себе или со некоја мисловна активност, а за тоа ни е потребно внимание“. Ако не сме способни да го направиме тоа, се јавува фрустрација и непријатна состојба која ја нарекуваме – досада. Но токму поради оваа опишана потреба, децата во досадни ситуации ќе бараат некои нови искуства и ќе испробуваат некои нови занимации и работи.

Досадата ја поттикнува друштвеноста

Досадата кај децата кои се по темперамент поотворени и поприлагодливи може да поттикне повеќе друштвени интеракции, односно, склопување на нови пријателства. На детето на кое му е здодевно всушност бара промена и нови стимулации, а тоа понекогаш може да го бара и во другите. Со други зборови, досадата може да го поттикне детето да излезе од дома и да биде подруштвено, да се забавува со нови активности и во однос на оние кои ги има дома. Кога нема што да се прави, играњето со другарчето од соседниот влез или пак со помладиот брат, може да изгледа како добра идеја.

Децата преку досадата можат да откријат што всушност ги интересира

Во училиште и дома од децата се очекува да учествуваат во низа активности кои не се нужно во сферата на нивните интереси. Кога ќе им се ослободи време и простор, некои деца ќе откријат што навистина сакаат да работат и што ги интересира. На децата, исто како и на возрасните, им треба досадата и ситуација во која се ќе стивне и ќе се забави за да можат да се слушнат себеси и да почнат да си организираат активности без никакво мешање од страна на возрасните.

Досадата може да поттикне добродетелство

Истражувањата покажале дека кога им е здодевно, возрасните често размислуваат за смисолот на животот, а тоа ги поттикнува на благородни одлуки и активности. Одлучуваат да им помогнат на другите луѓе, да донираат, да им помогнат на животните, да волонтираат и слично. Иако исти истражувања не се спроведени и кај деца, нема причина да не веруваме дека и кај нив може да има слични последици. Така, некои деца може да почнат да градат куќичка за птици, други да ѝ помогнат на бабаси, трети да ги селектираат своите играчки и да ги донираат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]