Зошто децата ги оставаат играчките на сите страни?

Дали вашата дневна соба секое попладне изгледа како некој да ги ставил сите играчки од полиците во детската соба во блендер и притиснал „старт“ без да стави капак?

0
199
Фото: Pexels

Ако секое попладне во дневнаа соба имате расфрлани коцки од подот до таванот, кадифени играчки, кукли и нивната гардероба, автомобили и други возила, како и еден куп други играчки, тогаш не сте единствени.

Додека поминувате низ целата таа гужва, болно викајќи секогаш кога ќе стапнете на некоја мала тврда играчка, не можете да не се запрашате зошто децата не ги раскреваат играчките кога ќе завршат со играњето.

Несомнено е дека сцената како оваа предизвикува гнев и дека не можете секогаш да останете смирени и ладнокрвни за да се фокусирате на решавање на проблемот. За да не го изгубите трпението и за да не им викате на вашите деца да си ги раскренат играчките, мора да се смени нешто во целата приказна.

Вистинскиот проблем зад нередот

Можеби и сте се обиделе да ги означите кутиите со играчки за да им олесните на децата да ги сортираат или да им направите многу полици во просторијата за да ги наредат, но изгледа дека сето тоа само донекаде помогнало. Сè уште имате проблем со играчките кои се на сите страни? Ако малку загребете под површината, ќе сфатите дека всушност сте згрешиле. Проблемот не е во организацијата на местото за играчки во просторијата, туку во количината на играчки. Вистинскиот проблем е што децата главно имаат премногу играчки.

Како премногу играчки им штетат на децата?

Визуелниот неред го зголемува нивото на хормонот на стрес, не само кај возрасните, туку и кај децата. Кога ќе им кажете на децата сами да си ги соберат играчките, нивниот мозок едноставно се преоптоварува со овој хормон и тие не знаат од каде да почнат. Колку повеќе играчки има детето, толку повеќе се чувствува оптоварено и не знае како да најде излез. Ниту една од овие играчки не им го задржува вниманието доволно долго и тие скокаат од една на друга играчка, сакајќи да си најдат занимација за себе, но речиси никогаш не ја наоѓаат. Тоа е како кога ќе почнете да читате десет книги во исто време.

Дали постои магично решение за овој проблем?

Можеби претходно сте слушнале за ротација на играчките, но не сте ни помислиле дека тоа им е потребно на вашите малечки. Едноставно кажано, играчките треба да се поделат на еднакви делови и да се спакуваат во неколку кутии, а потоа да се чуваат подалеку од дофатот на децата. Неделно или месечно менувајте ги играчките што им се достапни.

[better-ads type='banner' banner='999' ]