Зошто вашите деца треба да ве гледаат како „лоша“ мајка?

„Дали сум „добра мајка“? Се прашував себеси повеќе пати отколку што можам да избројам.

0
225

Нашата родителска култура е јасна. Ја дефинира добрата мајка како жена која секогаш ги става своите деца на прво место. Лице со бескрајно трпение. Жена која готви здрава храна, но исто така се грижи и за буџетот. Жена која можеби има работа, но никогаш таа не ѝ е приоритет.

Суперчовек кој ги жртвува сонот и разумот за да им излезе во пресрет 24/7, 365 дена на потребите од децата – сама.

Личност која може да го додаде на својата листа и учењето од дома за време на пандемијата, додека истовремено ја задржува својата работа и ги плаќа сметките. Жена која може целосно да се жртвува себеси. Оваа верзија на добра мајка ги задушува жените. Ги доведува до прегорување. А застарениот патријархален поглед кон светот поставува невозможни стандарди за жените и предизвикува да чувствуваат неуспех дури и ако работат многу понапорно од порано. Мајките го очекуваат невозможното од себеси, а потоа се чувствуваат скршено кога не можат да го постигнат тој нереален стандард.

Оваа верзија на добра мајка не е хумана. Мајките се индивидуалци со свои потреби, силни и слаби страни и проблеми. Мајките може да се однесуваат херојски и да се соочуваат со дневни предизвици со голема тежина и храброст. Но, не се супер луѓе. Затоа во голема мера се поврзувам со она што го кажале авторот Гленон Дојл.

Тој пишува дека е важно да се биде „лош родител“ бидејќи ако ги прифатиме нашите несовршености, децата ќе се ослободат од притисокот да бидат совршени. „Лош родител“ го користиме под наводници бидејќи мајките никогаш не можат да бидат лоши. Мајките се вознемируваат, посегнуваат по своите граници, потребна им е помош и бараат време за себе. Тоа не е ЛОША работа.

Но, ако го прифатиме она што нашата култура често го нарекува лошо – да се ставиме себеси на прво место, да имаме идентитет надвор од мајчинството, да не се преправаме дека сме совршени – ние се ослободуваме себеси и другите и практикуваме мајчинство кое е целосно и здраво. Ако објавиме дека не можеме да се жртвуваме себеси, ние можеме да се ослободиме себеси, а и нашите деца од опресивните и застарени културолошки норми.

Замислете свет каде што нашите ќерки ќе имаат реалистични погледи кон целото човештво и мајчинството.

Замислете свет кадешто нашите синови се слободни да ги покажат сите страни од нивната хуманост и да бидат еднакви партнери. Замислете свет кадешто престануваме да мислиме дека е лошо да се биде несовршен родител и наместо тоа го откриваме значајниот, трансформативниот и величествен пат на кој се одгледуваат децата и се „лекуваме“ себеси. Нема ништо „лошо“ во тоа.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]