Здраво мени за деца

Понекогаш не е лесно да се осмисли детско мени особбено ако е детето пребирливо. Тогаш е потребно да се вклучи креативноста или пак пробајте со нашите предлози.

0
822

Пире кое не е од компири

Иако обично пире правиме од компири, ќе се изненадите колку се и другите намирници вкусни подготвени на овој начин.

Пробајте на пример пире од карфиол – сварете ја главиата, иседете ја, додадете сол, путер и млеко и со миксер измешајте како пире.

Ако имате бебе ова е одична комбинаија за кашичка. На ист начин моете да подготвиуте и пире од брокула, а и од двете намирници можете да направите и крокети такашто во пирето ќе додадете јајце и рашно (за поздрава верзија додадете р’жано ии оризово) извалкајте го во презли и кратко пропржете ги во кокосово масло.

Пилешки медалјони

Ако се подготват правилно, не мора да бидат синоним за брза храна. Одберете убаво парче пилешко или мисиркино филе, извалкајте во брашно по избор, јајца и сусам. Можете да пржите во некое од здравите масла.

Мафини со нутела

Знаете ли дека можете да направите здрава нутела од само четири состојки.

Потребни ви се:

150 грама лешници

4 лажици какао

4 лажици кокосово масло

4 лажици мед

Приготвување:

Натопете ги лешниците на 30 минути, препечете ги малку, излупете, а потоа сите состојки ставете ги во блендер и ммешајте додека не добиете компактна смеса. Мафините направете ги на вообичаен начин, но наместо чоколадни трошки, сами издробете чоколадо за готвење со висок процент на какао, а наместо касично брашно, испробајте кокосово.

Палачинки од три состојки

Потребни ви се банана, две јајца и малку кокосови трошки. Ставете во блендер додека смесата не се изедначи и печете ги на путер или на малку масло. Одлични се со домашната нутела.

Некоја нова пица

Наместо класично тесто за пиа, исппроајте подлога за пица од карфиол, тесто со интегрално брашно или уште подобро – тиквици како замена за тесто. Препечете ги тиквичките на грил тава, додадете рендан кашкавал, шунка, маку сос од домати и оригано и печете се на посилна тенпература ддоека да се стопи кашкавалот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]