Целијакијата е хронична болест која ја карактеризира интолеранција на глутен, составен дел од големиот број намирници кои ги користиме во секојдневната исхрана. Се појавува како хронична воспалителна болест на цревата, која често се јавува токму кај најмладите.
Кај ваквата дијагноза воведувањето на безглутенска исхрана е нужно, но кај здравите деца не треба да се применува за да не дојде до недостаток од останатите нутриенти важни за нормален раст и развој на децата, порачуваат од организацијата.
Храната без глутен често содржи повеќе маснотии, шеќер и сол, а помалку витамини Б, железо и фолна киселина, како и останати важни нутриенти. Заради тоа исхраната на децата кои не страдаат од целијакија, базирана само на такви производи може да резултира со нус појави, како што е дебелината. Осум витамини од групата Б витамини му овозможуваат на телото да добие енергија од храната која ја внесуваме во организмот истовремено поттикнувајќи го да произведува црвени крвни зрнца кои го разнесуваат кислородот низ телото. Фолната киселина е особено важна кај трудниците затоа што спречува раѓање на деца со дефектен ген.
Сите оние кои консумираат безглутенски производи без вистинска причина, притоа консумираат и помалку влакна кои се важни за правилно варење, предупредуваат германските педијатри. Тие истакнуваат дека исфрлањето на глутен од исхраната на детето кое нема симптоми на целијакија не мора нужно да има позитивен ефект.
Влакната и житарките се важни зашто го контролираат нивото на шеќер во крвта, помагаат за чувството на ситост после јадењето и ја регулираат работата на цревата. Потсетуваат дека глутенот е мешавина на два вида протеини-глутенин и проламин, како и дека најчесто го наоѓаме во житарките како пченица, р’ж и јаќмен, како и кај многу производи за кои не знаеме дека содржат глутен, како што се зачините за салата, крем супите, соја сосот и пивото.