Короната родила нов вид на семејно насилство: за време на изолацијата, децата физички ги напаѓале родителите.
Вакви масовни случаи се пријавени во Велика Британија, кадешто тензиите во куќата ги предизвикувале разбеснетите тинејџери да ги нападнат своите родители, кои им забранувале да излегуваат надвор. Даме Вера Бар, комесар за жртви на Англија и Велс, јавно проговорила во медиумите за подемот на ова ново семејно насилство.
„Во Велика Британија, 2,4 милиони луѓе доживуваат некакво насилство дома, а тоа не е како кога некој ќе се опие во петок навечер, туку кога физички ќе ве нападне блиска личност што ја сакате, и тоа во вашата куќа – вели Даме Вера.
Децата ги напаѓале и татковците, не само мајките!
Најчеста форма на насилство е машкото насилство врз жените, но за време на изолацијата, жртви биле и мажи. Изолацијата, како што ја опишува таа, е метафора на состојбата во која секојдневно се наоѓаат луѓето кои поднесуваат насилство. Од појавувањето на короната, во Велика Британија сѐ почесто се наидува на ситуација во која децата ги напаѓаат своите родители!
Добиле 700 пати повеќе повици од вообичаеното!
Родителите биле заробени 24 часа на ден дома со своите деца, а многу тинејџери станале агресивни, особено за време на викендите, па еден ден се случи да добиеме 700 пати повеќе повици од вообичаеното – истакнува Даме Вера.
Помалку криминал на улиците!
Иако за време на изолацијата се забележани 28 проценти помалку кривични дела, семејното насилство драматично се зголеми, бидејќи родителите не можеа да избегаат од своите предатори – истакнува Даме Вера.
Ретко кој може да пријави дете во полиција, но тие постојано се јавувале и плачеле анонимно.
Значи, станува збор за нервозни тинејџери кои ги нападнале своите родители, што особено ги загрижува британските власти. Овие родители ретко се обраќале до полицијата за помош, но анонимно се јавувале на телефон плачејќи и барајќи совет. Поради тоа, вистинскиот број на овие напади е непознат, а ситуацијата е многу опасна.
Таа ја обвинила државата дека е премногу бавна кон новите видови насилство, бидејќи било очигледно дека ќе има зголемување на насилството веднаш штом било ограничено движењето.
Семејното насилство кое не е казнето и запрено може само да ескалира и последиците ќе бидат страшни – заклучува Даме Вера.
Цунами од родители-бегалци се очекува кога ќе останат без работа, а нивните деца ќе ги исфрлат на улица.
Таа очекува „цунами од жалби“ и појава на домашни бегалци, кои ќе го најдат единственото решение во бекството од дома. Таа предлага организирање безбедни куќи за родители кои се малтретирани од своите деца.
По агресивните настапи за време на епидемијата, овие тинејџери се подготвени да ги нападнат своите родители во моментот кога нема да им дадат пари, што е реално да се очекува поради економската криза што владее.
Фрустрирани и агресивни тинејџери кои се подготвени да кренат рака на своите родители, многу брзо ќе го сторат тоа и на улица, а таквото однесување е најсигурниот пат кон криминалот.
Фото: Pexels