Затни се глупачо: Го слушам синот на сосетката како ѝ вика и се прашувам – каде згрешила таа мајка?

Се прашувам: дали премногу го сакала? А како може премалку или премногу да се сака сопственото дете? Дали молчела кога како помлад ке го кренел гласот на неа, ќе ѝ терал инает или пак бил тврдоглав? – напишала една жена на Фејсбук и поттикнала лавина од коментари.

0
706

На родителите деновите им минуваат во преиспитување. Покрај сите обврски и она малку слободно време кое успеваат да го зграбат, и него го трошат на „враќање на филмови“ и носење нови одлуки и тактики за да ја достигнат својата цел – да го претворат своето дете во човек. Благодарен човек.

Понекогаш на преиспитување на поттикнува однесувањето на нашите деца, а понекогап на тоа ќе не натера некое дете од игралиште, дури и некои ситуации на кои наидуваме патем. Мајката блогерка која пишува под името Happy Chez Moi, на размислување ја поттикнало детето на сосетката.

Ситуацијата ја опишала на Фејсбук, а освен неа, голем број нејзини пријатели и следбеници се приклучиле на расправата. Еве го нејзиниот пост во целост.

„Го слушам осумнаесетгодишниот син на сосетката како ѝ вика:

„Затни се глупачо! Излегувај од мојата соба дебилко“, и срцето ми се кине.

Каде згрешила таа мајка? И таа поминала бессони ноќи покрај нејзиното болно дете, и таа го хранела, го носела на училиште, му купувала подароци наместо Дедо Мраз, и таа се грижела, го сакала, му ги бришела солзите, му ги бакнувала повредените колена.

Неа сакам да ја прегрнам. А нему да му удрам шлаканица по која би ме запомнил за цел живот кога низ ѕидот ќе допрат до мене неговите бесни зборови упатени на личноста која го сака најмногу на светот. Се прашувам: дали премногу го сакала? А како може премалку или премногу да се сака сопственото дете? Дали молчела кога како помлад ке го кренел гласот на неа, ќе ѝ терал инает или пак ќе бил тврдоглав?  Да не му попуштала премногу, му дозволувала сѐ или пак го правела токму спротивното? Толку прашања додека душата ѝ ја распарува гласот полн со бес, глас на дете кое не бира зборови за да ја повреди и навреди?

Ја слушам понекогаш додека го испраќа синот на врата: „Закопчај се, ладно е“.

„Остави ме на мир!“ – ѝ се развикува тој трескајќи ја вратата.

Нема полошо од неблагодарно дете. Нема полошо прашање од: „Боже, каде згрешив?“

Што мислите вие за ваквото однесување, ви се случило ли и вам тоа?

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]