Затворениците поминуваат повеќе време надвор отколку денешните деца

Ако им понудите да избираат помеѓу тоа да бидат на чист воздух или да играат игри на телефон, повеќето деца денес ќе се одлучат за втората опција. Без размислување.

0
72

Истражувањето на тим истражувачи од Сан Франциско, дошол до заклучок дека ако им понудите да избираат помеѓу тоа да бидат на чист воздух или да играат игри на телефон, повеќето деца денес ќе се одлучат за втората опција. Без размислување.

Многу веројатно, овој заклучок може да важи и во нашиот регион. Денес, децата едноставно дишат и живеат во виртуелна реалност, додека природата им е сè повеќе туѓа.

Колку е тоа опасно, може да се види само кога денешните деца ќе пораснат во луѓе, но она што е веќе сигурно е зголемувањето на асоцијалноста и агресијата, неспособноста за снаоѓање во просторот, лошите комуникациски вештини, имитирањето ликови од игрите, незаинтересираност за сегашниот момент, отсуство на радување за обични работи, нереални желби …

Британскиот „Гардијан“ пишува дека децата поминуваат помалку време надвор отколку луѓето во затворите, додека едно истражување покажало дека секое десетто дете во Велика Британија никогаш не било во шума или парк, дека скоро 80% од нив поминуваат помалку од еден час на ден надвор, а во зима, најмногу десет минути, колку што е потребно за да ги однесат и да ги земат од училиште.

Затоа е голема одговорноста на родителите да ги вратат своите деца надвор и да ги оттргнат од лажниот живот.

Експертите наведуваат само некои од предностите на секојдневниот престој во природа.

Докажано е дека децата кои се надвор секој ден се поздрави, што е голема заслуга на витаминот Д, кој се создава на свеж воздух, на сонце и за време на физичка активност на отворено. Природата е исто така мелем за менталното здравје, така што децата кои секој ден играат надвор се подобро расположени и посреќни и позадоволни. Бидејќи потрошиле енергија во текот на денот, тие се помирни навечер, полесно заспиваат и имаат поквалитетен сон.

За учениците, сето ова е важно како добра основа за учење, така што истражувањата покажуваат дека учениците имаат подобра концентрација, полесно се справуваат со училишните обврски и поуспешно ги решаваат тестовите, бидејќи нивните мозоци се хранат со кислород.

Комбинацијата на физичка и ментална активност секогаш дава добри резултати, па затоа е важно децата да бидат во природа најмалку 45 минути секој ден после училиште, и пожелно е тие да бидат во природа што е можно подолго. Ова истовремено ќе се одрази на развојот на креативноста и вештините кои сигурно не можат да се обликуваат и изразат додека зјапаат во екранот. Играјќи надвор, искачувајќи се на дрво, собирајќи плодови од природата или правејќи куќи од гранки, децата можат да ја развиваат својата фантазија, да научат да се снаоѓаат во времето и просторот, а не само да останат пасивни набљудувачи.

А, за премногу грижливите родители постои уште една важна инструкција – оставете ги децата да одат надвор дури и кога е студено, бидејќи тогаш тие се далеку помалку изложени на бактерии. Се разбира, освен кога не е премногу загадено. Но дури и во тој случај, потрудете се колку може почесто да ги однесете надвор од градот, дури и во зима.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]