Забраната за интернет е малтретирање на детето?!

Социологот Елис Кешмор, чија книга „Друштво на екрани“ смета дека екраните се реалност на денешните деца и забраната тие да се користат може негативно да влијае врз друштвениот развој на децата, да го спречи нивното созревање, па со самото тоа е еквивалентна на малтретирање

0
197

Ако вашето дете на кое сте му забраниле да ги користи компјутерот или таблетот ви се закани дека ќе ве тужи за малтретирање, не се изненадувајте. Изгледа дека не е далечна иднина кога забраната за користење на компјутер или мобилен телефон ќе се смета за малтретирање.

Многу стручњаци предупредуваат дека претераното користење на мобилони телефони, таблети, компјутери, остава погубни последици на физичкото и менталното здравје на децата.

Но, социологот Елис Кешмор, чија книга „Друштво на екрани“ излегува наскоро, го мисли спротивното.

Според неговите зборови, екраните се реалност на денешните деца и забраната тие да се користат може негативно да влијае врз друштвениот развој на децата, да го спречи нивното созревање, па со самото тоа е еквивалентна на малтретирање

Анализирајќи ги податоците на 2000 корисници за тоа како го користат интернетот, социологот заклучил дека ризиците се предимензионирани и се многу помали од нивните образовни и друштвени предности.

„Замислете родителите да им забранат на децата да читаат и да разговараат со другите деца, да цртаат, да танцуваат, да играат образовни игри. Кога би го направиле тоа, би биле обвинети за некој вид на малтретирање. А истите тие работи децата ги прават и на екраните“, истакнува Кешмор.

Според неговите зборови, една од најчестите заблуди на родителите е онаа дека користењето на овие уреди води кон зависност. Тоа не е точнo, вели Кешмор и додава дека не сме на екраните затоа што сме зависни, туку затоа што од нив го добиваме она што ни е потребно.

[better-ads type='banner' banner='999' ]