Забавен експеримент – течност која танцува (ВИДЕО)

Покрај смеса од густин и вода, потребен ви е и еден звучник, тенок лимен плех за печење колачи, тон од аудио-тест од MP3 плеер и бои за храна. Резултатот е фантастичен.

0
338

Ова е секако еден од најсмешните експерименти за деца што досега сме ги виделе на Интернет. Станува збор за течност која танцува и со чија помош на вашите деца ќе им ги објасните звучните бранови. Забавниот експеримент може да почне!

Оваа феноменална идеја ја најдовме на блогот Housingaforest, а го спровела  младата мајка Теми која тврди дека нејзините деца биле воодушевени од резултатот.

За почеток потребно е да направите смеса која Американците ја нарекуваат „oobleck“, а станува збор за мешавина од скробно брашно и вода. Направете малку погуста смеса од 2 шолји скроб и шолја вода, измешајте добро и забавата нека почне.

Покрај смеса од густин и вода, потребен ви е и еден звучник, тенок лимен плех за печење колачи, тон од аудио-тест од MP3 плеер и бои за храна.

Ставете го плехот за печење на самиот звучник и ставете ја подготвената смеса на плехот. Потоа пуштајте различни звуци за тестирање на тонови и следете што се случува. Обидете се со различни фреквенции, звуци и јачина на тонови, а на Интернет постојат многу различни сајтови од кои можете на МП3 да ги симнете соодветните тонови.

Можеби ќе ви биде потребно малку време за да видите кој тон ќе ја поттикне вашата течност да скока или да танцува, но кога ќе дојдете до тоа, децата ќе бидат воодушевени. Исто така, потребно е нежно да ја придржувате тепсијата на звучникот.

Можете исто така да додадете различни бои во смесата за да биде уште позабавно.

[better-ads type='banner' banner='999' ]