Житарките што ги јадат децата ширум светот содржат опасна хемикалија?

Стручњаците предупредуваат на состојката во популарните житарки што ги сакаат и ги консумираат многу деца во светот, а станува збор за спорна хемикалија, глифосат

0
430

Популарната марка „снегулки“ која ја обожаваат децата во дел од светот се нашла под лупата на јавноста по предупредувањата во врска со спорната хемикалија, глифосат. Станува збор за хербицид кој е најден во загрижувачка количина во кутиите на производителот General Mills, поточно во производите „Honey Nut Cheerios“ и „Multi Grain Cheerios“, пишува Health.

Кај нас можеби не се достапни наведените видови „cheerios“, но на полиците во супермаркетите може да се најдат други варијанти. На секое пакување пишува дека содржат пет целовити житарки, девет витамини и минерали и се наведуваат како извор на калциум.

Затоа и не изненадува тоа што често се наоѓаат на детските менија. Но колку се навистина здрави?

За почеток, никаде во горе споменатиот извештај за опасниот глифосат не е наведено дека тој се наоѓа барем во една од кутите достапни на нашиот пазар, но ова не е првапт во производите од житарки, па дури и во чистите овесни снегулки, да се најдат траги од хербициди и пестициди. Во таа група е споменатиот глифосат далеку најштетен за здравјето на луѓето бидејќи го доведуваат во врска со заболувањето од рак – потребни се повеќе истражувања, но повеќето стручњаци се сложиле со заклучокот дека е многу штетен, пишува Health.

Во истражувањето на Environmental Work Group, а кое го пренесува и New York Times, се предупредуваат родителите дека препорачаната доза на сервирање на засладените снегулки е само 30 грама, додека повеќето на децата им сервираат во просек по 50 грама во порција. Препорачаната доза содржи дури 11 грама шеќери и многу малку нутриенти кои се рекламираат на кутијата.

Инаку, глифосатот е хемикалија која служи за сузбивање на коров, а е најдена во 21 производ врз база на овес, но најголема количина е најдена во омилениот појадок на децата во дел од светот. Затоа, се предупредуваат родителите да ги преиспитаат одлуките кога станува збор за најважниот оброк на нивните најмили.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]