Етиопско племе прави накит од отпадот на модерното општество

Народот Дасанаш, од југот на Етиопија го користи отпадот на модерното општество за изработка на оригинални украси кои веќе си добиле и соодветно значење

0
226
Eric lafforgue/Exclusivepix Media

Во јужниот дел на Етиопија живеат луѓето од Дасанаш, етничка група со околу 50.000 припадници, од кои некои исто така живеат и на територијата на Кенија и Судан.

Тие биле номади долго време, но во текот на изминатите педесет години развиле земјоделство, кое ги врзало на едно место. Како и многу други племиња во јужниот дел на Етиопија, и народот Дасанаш, со цел нивните посеви да напредуваат, живеат во долината Омо.

Францускиот фотограф Ерик Лафорг поминал неколку години со нив за да го документира нивниот секојдневен живот и обичаи, а нивните необични портрети сведочат за еден интересен културолошки феномен.

Ако ги погледнете внимателно фотографиите, ќе забележите капачиња, стари часовници, шноли и многу други предмети изработени од пластика и метал. Тие со месеци собираат предмети што современото општество лесно ги отфрла, а потоа прават од нив накит. Интересните и уникатни ракотворби подеднакво ги носат и мажите и жените.

Интересно е што овие предмети станале толку важни што подразбираат одредени правила. На пример, мажите можат да носат „перики“ направени од капачиња само откако ќе стапат во брак – пред тоа им е дозволено да носат помали украси.

Фото: Eric lafforgue/Exclusivepix Media

[better-ads type='banner' banner='999' ]