Американска компанија ја претворила постелката на 10.000 мајки во капсули

Покрај славните клиенти компанијата „Mommy Made Encapsulation“ ја инкапсулирала плацентата на повеќе од 10.000 мајки низ САД.

0
281

Џена Деван, Ешли Симпсон и Лала Кент се само некои од познатите мајки кои ја дадоа својата доверба на Џулијана Корона, основачка на Mommy Made Encapsulation, која им изработи капсули од плацентата после породувањето. Џулијана и нејзиниот тим ја претворија плацентата на многу познати мајки во капсули.

„Неверојатно е да се работи со мајки и да им се помогне да се опорават по породувањето. Чест е да се има меѓу нив и некои кои се славни жени”, изјавила Џулијана за The Sun.

Покрај славните клиенти „Mommy Made Encapsulation“ ја инкапсулирала плацентата на повеќе од 10.000 мајки низ САД.

Од компанијата објаснуваат дека плацентата ја варат на пареа, на 220 степени, а потоа ја капсулираат. Цената на капсулата е 200 долари, а наводната придобивка од консумирањето на плацентата е „побрзо заздравување по породувањето, што е особено корисно за мајките кои родиле со царски рез“, се вели во описот на нивната веб-страница.

Тие исто така наведуваат дека капсулите го зголемуваат нивото на енергија, како и снабдувањето со млеко и помагаат да се намалат шансите за развој на постпородилна депресија.

Некои жени, како Хилари Даф, ја консумирале плацентата во форма на смути, додека Ники Ред, Ким и Кортни Кардашијан и Кетрин Хејгл ја претвориле во капсули. Сепак, експертите предупредуваат дека не постојат научни докази дека консумирањето на плацентата има предности, а постојат и опасности од зараза.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]