Еве како реагира фетусот кога мајката пуши (ВИДЕО)

Докторката Надја Реисленд од УНиверзитетот во Дурхам искористила 4D ултразвук за да ја провери реакцијата на фетусот кога мајката пуши.

0
1359

Иако е пушењето одамна неповолна појава кога станува збор за трудници, тоа сепак не спречува некои мајки да консумираат цигари во текот на бременоста.

Тие веруваат дека пушењето е безопасно за нивното бебе, меѓутоа, овие снимки со 4Д ултразвук покажуваат колку грешат.

Имено, докторката Надја Реисленд од Универзитетот во Дурхам искористила 4Д ултразвук за да ја провери реакцијата на фетусот кога мајката пуши. Истражувањето опфатило 20 трудници, од кои 4 пушеле околу 14 цигари дневно.

Она што го забележала докторката е дека бебињата многу повеќе се допираат и ја покриваат со рачиња устата од бебињата чии мајки не пушеле, а колку што се приближувало породувањето, бебињата се поактивно се обидувале да се заштитат од чадот.

Иако се сите бебиња родени здрави и со нормална големина и тежина, докторите ги преколнуват мајките да ги остават цигарите во текот на бременоста затоа што на снимките јасно се гледа колку им пречи на бебињата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]