Докажано е: Грижата за внуците им помага на бабите и дедовците да живеат подолго

Здравствените придобивки од чувањето деца не се однесуваат само на бабите и дедовците. Возрасните луѓе кои се грижеле за деца живееле во просек три години подолго, според студијата на The Evolution and Human Behavior.

0
266

Зад вас е напорна недела. Вие сте под стрес и сакате да се одморите, но не сакате да ги заморувате вашите родители со прашањето дали можат да се погрижат за нивните внуци? Не грижете се повеќе, бидејќи има добра причина сепак да проверите дали се слободни за време на викендот. Науката покажала дека бабите и дедовците кои се грижат за своите внуци живеат во просек пет години подолго.

Според една студија објавена во списанието „The Evolution and Human Behavior“, бабите и дедовците кои чувале деца или на некој начин се грижеле за нив, имале помал ризик од смрт во текот на период од 20 години во споредба со врсниците кои не се грижеле за нив. Ова е резултат од податоците кои ги анализирала обемна берлинска студија за стареење, која ги следела здравствените досиеја на повеќе од 500 луѓе на возраст од 70 години и постари.

Ова не е првпат да се покаже врска помеѓу грижата за децата и долговечноста. Истражувачите кои стојат зад студијата објавена во 2016 година во списанието Evolution and Human Behavior, дошле до сличен заклучок откако ги анализирале претходните податоци од Берлинската студија за стареење. Според тоа истражување, бабите и дедовците кои се грижеле за своите внуци живееле во просек пет години подолго од оние кои не се грижеле.

Здравствените придобивки од чувањето деца не се однесуваат само на бабите и дедовците. Возрасните луѓе кои се грижеле за деца живееле во просек три години подолго, според студијата на The Evolution and Human Behavior.

Меѓутоа, тоа не значи дека децата треба да им се предадат на родителите со полно работно време. Иако умерената грижа има свои предности, претходните истражувања велат дека напорниот ангажман може да предизвика физички и ментален стрес. Со други зборови – сѐ е во рамнотежата.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]