Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката

Родителите често ги набљудуваат своите деца и проценуваат дали тоа ги има нивните очи, коса, насмевка. Многу фактори влијаат на тоа како ќе се наредат гените, но според неколку истражувања, едно е сигурно: децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката.

0
406

Научниците откриле дека интелигенцијата има наследна компонента. Досега се верувало дека доаѓа од гените на двајцата родители, но се покажало дека гените за интелигенцијата се наоѓаат на X хромозомот. Тоа во основа значи дека детето ја наследува интелигенцијата преку хромозомите на мајката.

Тоа го утврдиле неколку истражувања, а првото е спроведено во 1984.година на Кембриџ. Роберт Лехрке прв ја изнел теоријата дека интелигенцијата доаѓа од хромозомот X. Неговото истражување покажало дека жените имаат два хромозоми X и заради тоа два пати поголема веројатност дека ќе им ја пренесат интелигенцијата на своите деца.

Последното истражување на таа тема е спроведено во Германија. Испитани се 12.686 млади лица на возраст од 14 до 22 години. Во просек, нивниот коефициент на интелигенција варирал за 15 бодови во однос на резултатот кои го оствариле нивните мајки.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]