Децата (не) се рецепт за среќа

Ново истражување спроведено од психолози од Универзитетот во Мичиген утврдило дека луѓето без деца се среќни како и сите други

0
96

Ново истражување открива дека луѓето без деца се исто толку среќни како и оние кои се исполниле во улогата на родител, па дури и самите автори се изненадени од тоа колку мажи и жени изјавиле дека не сакаат да имаат деца. Тоа е дел од трендот што е актуелен во скоро целиот свет. На пример, стапката на наталитет само во САД минатата година паднала на рекордно ниско ниво, и според некои проценки, во 2021 година може да има 300.000 до 500.000 помалку новороденчиња.

Повеќе од една четвртина од возрасните или 27%, кои учествувале во новата студија спроведена од психолози од Универзитетот во Мичиген и објавена минатата недела во списанието PLOS ONE, се изјасниле како „child-free“. Бројот „драматично ги надминува“ претходните проценки од 2% до 9% пријавени во претходните студии, велат авторите.

Наодите од оваа студија се засноваат на репрезентативен примерок од 981 возрасен човек во Мичиген, но истражувачите предвидуваат дека слични обрасци може да се забележат и во други делови на САД, рекла главната авторка Џенифер Ватлинг Нил, вонредна професорка по психологија на МСУ.

Една од оние што решиле да живеат без деца е Лаура ЛаВои, писателка која живее во Ешвил, Северна Каролина. Таа цел живот знаела дека не сака да има деца. Сега кога има 46 години, вели дека никогаш не почувствувала каење за таа одлука затоа што за тоа имала безброј причини.

„Најважно е тоа што едноставно не сакам да воспитувам деца. Никогаш не ме привлекувало. Не сакам да бидам одговорна за друго човечко суштество на тој начин”, изјавила таа за Today и додала: „Но, многу сакам да патувам. Сакав авантури, никогаш не сум бил на исто место многу долго и ми се допаѓа начин на живот во кој дете навистина не се вклопува“.

Нејзиниот сопруг ги споделува нејзините ставови. Тие се заедно 26 години и се согласуваат дека не сакаат да имаат деца. Се враќале на оваа тема неколку пати во текот на годините, но свесни се дека одговорот секогаш ќе остане ист.

Исто така, оваа студија покажала дека луѓето без деца се задоволни од животот како и сите други. Покрај тоа, не биле забележани разлики во карактерите помеѓу различни групи, но возрасните без деца биле „значително полиберални“ од родителите. ЛаВои се согласила со сите наоди од студијата, истакнувајќи дека е целосно задоволна од својот живот, но исто така признава дека понекогаш заради својата одлука не наидува на одобрување од луѓето кои имаат деца.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]