Децата во количка се дури 60 отсто поизложени на нечист воздух од возрасните

Доенчињата и останатите деца кои се возат во детските колички се 60 отсто поизложени на нечистиот воздух отколку возрасните, покажала една британска студија.

0
225

Во истражувањето на научниците од универзитетот во Суреј било утврдено дека доенчињата вдишуват воздух на висина од 0.55 до 0.85 метри над тлото. А бидејќи нивото на онечистување е највисоко на висина до метар над тлото, децата во детските колички вдишуваат 60 отсто повеќе загадени честички од возрасните, покажуваат доказите.

Тоа се случува затоа се количките поблизу до тлото и до издувните гасови од автомобилите, пренесува БиБиСи. Опасноста по нивното здравје е дотолку поголема затоа што се нивните тела уште малечки и сѐ уште во развој.

„Со оглед на тоа што станува збор за ранливи суштества заради развојот на ткивата, имунолошкиот систем и мозокот во таа рана фаза од животот, загрижувачки е тоа што се изложени на толку високо ниво на загадување“, рекол координаторот на истражувањето, Прашант Кумар.

Родителите можат да ги заштитат децата такашто ќе ги шетаат со колички подалеку од најфреквентните сообраќајници затоа што покрај нив загадувањето е најголемо. Може да помогне и некоја прекривка на количката, додава Кумар. Научниците во ова истражување не се занимавале со тоа дали некои видови на колички се подобри или полоши кога станува збор за загадувањето. Студијата е објавена во списанието Environment International.

[better-ads type='banner' banner='999' ]