Десет работи кои нашите родители ги немале додека одгледувале деца

Денеска е тешко да се замисли родителството без многу работи

0
265

Мајките и татковците за следење на развојот на децата, за нивната исхрана и воспитување користат многу помагала, од козметика, преку играчки до апликации. Сето тоа е достапно благодарение на 21.век и технолошкиот напредок, но постои цела листа работи без кои денеска родителството не може да се замисли, а нашите мајки и татковци ги немале.

  1. Еднократни пелени

За децата родени во почетокот на осумдесетите на овие простори беше невозможно да се најдат еднократни пелени. Некои родители ги купуваа од странство, но чинеа вистинско мало богатство.

  1. Детски програми

Немаше канали кои 24 часа дневно емитуваат цртани филмови, а уште помалку опции кои овозможуваат враќање наназад или снимање на омилениот цртан филм.

  1. Мобилни уреди

Денеска родителите со помош на мобилен телефон го следат бројот на подојувања, мокрите пелени, истражуваат рецепти или набрзина можат да му испратат на партнерот порака со листа на работи што треба да ги купи, па дури и да ги фотографираат.

  1. Модерна и лесна количка

Родителите бараат полесни и подерни колички кои се прилагодени на секаков терен и не заземаат премногу место во багажникот.

  1. Онлајн шопинг

Ако не стасате до продавница, дали по намирници, облека, книги, додатоци, сето тоа можете да го купите преку интернет. Нашите родители го немале тој луксуз.

  1. Готови оброци

Ако не ви се готви или немате време, денеска можете да си купите готови кашички за бебето, но и ручек за себеси.

  1. Онлајн заедници за мајки и татковци

Групи на Фејсбук, форуми, има безброј можности ако сакате да позборувате со некого за децата, за воспитувањето или да размените совети.

  1. Монитори за следење на децата

Веќе со години не мора повеќе постојано да бидете во собата во која е детето благодарение на мониторите преку кои можете да ги чуете и на поголема оддалеченост.

  1. Др.Гугл

Многумина велат дека понекогап би било подобро да не постои можност за пребарување на симптоми на болестите на интернет затоа што дијагнозите се движат од безопасни до смртоносни, па родителите лесно почнуваат да креваат паника.

  1. Видео разговори

Се сеќавате ли на летувањата после кои со нетрпение се враќавте дома затоа што долго не сте ги виделе родителите, бабите, дедовците, семејството и пријателите? Сите ви зборуваат колку сте пораснале и сте се смениле, а денеска може да заборавиме на тоа благодарение на видео повиците со кои лесно стапуваме во контакт и можеме да го видиме лицето со кое разговараме, иако можеби се наоѓа на другиот крај од светот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]