Десетгодишна јутјуберка со оштетен вид ги едуцира луѓето за својот свет

Аби Волц го започнала каналот минатата година за да им помогне на луѓето со оштетен вид и на слепите лица да ги учат новите технологии што можат да им го направат животот подостапен и полесен, но и да им покаже на другите како изгледа животот низ нејзините очи

0
274

Канаѓанката Аби Валц има 10 години и живее во Китченер, Онтарио. Таа е јутјуберка и лице со оштетен вид па така и го почнува секое свое видео:
„Еј дечки, јас сум Аби, и јас сум со оштетен вид“.

Таа го започнала Јутјуб каналот (Through the Eyes of Abby) минатата година за да им помогне на луѓето со оштетен вид и на слепите лица да ги научат новите технологии што можат да им го направат животот подостапен и полесен.

Истовремено, давајќи им на другите луѓе да видат како изгледа животот низ нејзините очи, Аби исто така се надева дека ќе ја подигне свеста за делови од нашето општество кои сè уште не се инклузивни за неа и нејзината заедница.

„Заедницата што не е слепа, сакам да ја едуцирам за слепилото и за лицата со оштетен вид“, вели таа.

Аби го започнала својот канал пред една година со видео во кое објаснува како го користи Amazon Echo – паметен звучник на кој можете во секојдневниот живот да му поставувате прашања велејќи „Еј Алекса“.

На видеото, таа посочува како лицата со оштетен вид што не можат да читаат  можат да го користат уредот за да им помогне да дефинираат зборови, како речник, и да си постават тајмери ​​за себе.

На друго видео, таа прави упатство за BrailleNote Touch, уред што ја комбинира брајовата тастатура, што некои лица со оштетен вид го користат за да пишуваат, со модерен таблет. Аби е прикажана на видео како пишува на уредот со рамка во горниот десен агол што го прикажува екранот на уредот додека таа пишува.

Брајово писмо е начин на пишување и читање што го користат лицата со оштетен вид. Секоја буква во азбуката е претставена со мала колекција подигнати точки, така што луѓето што не можат да гледаат букви, можат да ги почувствуваат наместо нив.

Аби дури има видео со кое демонстрира како се користи белиот стап, кој некои лица со оштетен вид го користат за навигација низ светот и за да бидат препознатливи за другите, дека не можат да гледаат сè.

Но, видеата на Аби не се однесуваат само на технологија и алатки за лица со оштетен вид.

Таа, исто така, прави видеа од својот секојдневен живот со цел да ја едуцира работоспособната заедница за тоа како животот изгледа поинаку за неа и за другите во нејзината заедница.

На пример, таа има видео за тоа како прави сендвич со путер од кикирики и желе.

Јутјуб каналот на Аби вклучува и видеа како „Аби создава чудовиште“, каде што таа го покажува својот процес на правење чудовишта од глина.
„За заедницата што не е слепа во светот, сакам да ги едуцирам за слепилото и за тоа како изгледа да се има оштетен вид“, објаснува Аби.

Нејзината следна цел е да достигне 1.000 претплатници за да може да ја отклучи можноста да оди во живо на YouTube.

„Се надевам дека ќе можам барем малку ќе станам позната поради ова“, вели Аби. „Ако не е работа со полно работно време, се надевам дека можам барем да ја направам обврска со скратено работно време за да имам барем малку можност преку Јутјуб да им помагам на луѓето“.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Maxresdefault

[better-ads type='banner' banner='999' ]