Денес во светот се слави Денот на самците

Парадоксално, празникот станал популарен датум на кој се слават и врските: повеќе од 4.000 парови се венчале во Пекинг на овој датум во 2011 година, многу повеќе од дневниот просек од 700 бракови.

0
64
Фото: Unsplash

Една секунда по полноќ, кога календарот ќе се префрли на 11-ти ноември, милиони кинески купувачи почнуваат да кликаат во потрошувачка еуфорија. Преку нивните паметни телефони, компјутери и таблети, тие ќе ги искористат предностите на големите попусти и другите стимулации што ги нудат најголемите онлајн трговци на мало во Кина.

Во текот на 24 часа, купувачите ќе потрошат милијарди долари и ќе добијат стотици милиони пакети нарачани преку Интернет на нивните врати. Како еден неформален кинески празник, од Ден на самци, еволуираше во Меѓународен ден на самци од двата пола, но и во најголем светски еднодневен настан за малопродажба во светот?

Станува збор за Меѓународниот ден на самците, кој се паѓа на 11 ноември, а ја слави убавината на самечкиот живот. Тоа е идеална прилика да ја прославите љубовта кон пријателите, семејството, миленичињата и пред сѐ – кон себеси.

Како почнало?

На Универзитетот Нанџинг во Кина, четворица студенти во 1993.година одлучиле да ја разбијат монотонијата на самечкиот студентски живот, да излезат на 11 ноември за да го прослават својот самечки статус. Иницијативата брзо се проширила меѓу другите студенти, а со текот на времето и во остатокот од кинеското општество. Тогаш не претпоставувале дека овој ден ќе добие меѓународна популарност и дека милиони самци на светот ќе го прославуваат како нивни ден.

Датумот, 11 ноември (11/11), е избран бидејќи бројот 1 наликува на гол стап, што е кинески интернет сленг за неженет маж кој не додава „гранки“ на семејното стебло.

Празникот првично го славеле само млади мажи, па оттука и првичното име Ден на ергените. Меѓутоа, сега нашироко се слави од двата пола. На овој ден се популарни забавите, а особено состаноците на слепо, како обид да се смени статусот сингл на учесниците. Некои универзитети организираат специјални програми за да се соберат оние кои се синг заедно за прославата.

Овој ден дефинитивно служи за да го одвлече вниманието на слободните од фактот дека се сами. Бидејќи голем број млади луѓе потоа организираат собири, на овој ден многумина всушност имаат можност да си најдат партнер. На денот на самците, сите големи компании (особено оние кои се занимаваат со онлајн купување) нудат промотивни попусти за тие кои го слават празникот.

Празникот стана најголемиот ден за офлајн и онлајн шопинг во светот. Купувачите на Alibaba надминаа вкупно 213,5 милијарди јуани (30,7 милијарди американски долари) во текот на Денот на самците во 2018 година. Ривалите како што е JD.com, исто така, се домаќини на фестивалот Singles’ Day, кој собра 19,1 милијарди американски долари, со што вкупната продажба на Кинезите достигна 44,5 милијарди долари во 2017 година. Во 2019 година, Алибаба рече дека нејзиниот бруто обем на стока за целиот настан достигнал 268,4 милијарди јуани (38,4 милијарди американски долари), што претставува зголемување од 26% од претходната година.

Парадоксално, празникот стана популарен датум на кој се слават врските: повеќе од 4.000 парови се венчале во Пекинг на овој датум во 2011 година, многу повеќе од дневниот просек од 700 бракови.

[better-ads type='banner' banner='999' ]