Девојче во писмо до Дедо Мраз го моли за бубрег за својот брат

Едно девојче од Јужна Каролина овој Божик одлучила да го замоли Дедо Мраз за подарок со кој би му помогнала на својот брат.

0
251

Некои можеби не веруваат во тебе. Но јас верувам. Една работа која навистина ја сакам за Божик е мојот брат да оди на трансплантација на бубрег. Те молам“, напишало девојчето кое во писмото напишано со пастелна боичка се потпишала како Кејтлин.

Писмото го фрлила во сандачето од една продавница, а го нашла раководителката на продавницата Шели Томас кога ги редела пристигнатите писма. Иако не се знае кое е девојчето, Томас одлучила да ја најде и да се обиде да му помогне на семејството.

Ова е писмо за Дедо Мраз кое е оставено во сандачето во нашата продавница. Нашата компанија бара некого кој знае кое е ова дете“, напишала на Фејсбук покрај фотографијата од писмото.

Откако ја објавила оваа вест, Томас добила бројни пораки на поддршка, а некои дури и се понудиле да го донираат својот бубрег, ако се соодветни донори.

Само сакам ова семејство да знае дека некој се грижи и дека, ако ништо друго, ќе им бидеме поддршка и ќе им помогнеме како што ќе можеме. Се надеваме дека повеќе луѓе ќе се вклучат и ќе се запишат во регистерот за донори“, рекла Томас за списанието Пипл.

[better-ads type='banner' banner='999' ]