Двојките кои сакаат да имаат деца треба да заборават на ова

Кога се трудите да добиете бебе, грижата за здравјето е обично усмерена на жените, но новото откритие сугерира дека и мажите треба да поработа на некои работи.

0
619

Според истражувањето чии резултати се објавени во Европскиот журнал за превентива во кардиологијата, мажите би требало да се откажат од пиењето за да ги зголемат шанските за зачнување.

Научниците ги прегледале постоечките истражувања за влијанијата на алкохолот и откриле дека постои поврзаност помеѓу вродените срцеви маани на детето и навиките кај татковците кога станува збор за консумирањето на алкохол пред зачнувањето.

Мажите кои пиеле алкохол до три месеци пред зачнувањето ги зголемиле шансите за развој на вродени срцеви болести за 44 отсто. Оние кои пиеле пет до шест пијалоци го зголемиле ризикот за 52 отсто.

Вродените срцеви маани можат да го сменат начинот на кој циркулира крвта низ тој важен орган. Оштетувањата можат да бидат едноставни, но и сложени и можат да предизвикаат компликации опасни по живот, објасниле стручњаците од клиниката Мејо.

Консумирањето алкохол му штети на здравјето на човекот што го консумира, но и на неродените деца“, вели авторката на истражувањето Џиаби Куин и им советува на мажите да престанат да пијат алкохол шест месеци пред зачнувањето, а на жените, да избегнуваат алкохол една година пред да зачнат, како и за време на бременоста.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]