Дали ќотекот сепак излегол од рајот?

Новите истражувања за насилноста на децата исто така го демантираат стереотипот дека типичен насилник е оној кој и самиот бил жртва на семејно насилство. Резултатите покажуваат дека најнасилни се оние деца чии родители никогаш не применувале телесно казнување.

0
429

Во расправата за прифатливоста или неприфатливоста на повременото разумно телесно казнување на малите деца од страна на родителите, често може да се слушне и аргументот дека „насилството раѓа насилство“.

Се истакнува дека со таквиот начин на казнување децата се подучуваат на модел на насилно решавање на конфликтите и дека тие израснуваат во лица склони кон насилство. Тоа е еден од главните аргументи на оние кои се залагаат на родителите законски да им се забрани било какво, па и најблаго телесно казнување на сопственото дете. Со оглед на тоа што ваквата забрана би ги оневозможила родителите да воспостават авторитет кон детето, би поништила некои од основните родителски права и должности, би придонесла за ширење на епидемијата на „немоќни родители“, се прашуваме колку е oснована ваквата аргументација.

Во постарата литература е навистина можно да се најдат податоци дека возрасните кои во детството биле жртва на малтретирање можат да имаат склоност да ги малтретираат другите. Тоа е објаснето со психоаналитичкиот концепт „идентификација со агресорот“, според кој, малтретираното дете, верувајќи дека може да одбира само дали да биде жртва или агресор, се определува за помалото зло.

Подоцнежните истражувања кои ги опфатиле оние кои како деца биле физички малтретирани, а не само оние кои подоцна малтретирале други, покажале дека две третини од малтретираните деца подоцна не биле склони кон насилство. Значи, повеќето жртви на насилство подоцна не стануваат вршители на насилство. Сосема спротивно од стереотипот дека насилството раѓа насилство.

Новите истражувања за насилноста на децата исто така го демантираат стереотипот дека типичен насилник е оној кој и самиот бил жртва на семејно насилство.

Резултатите покажуваат дека најнасилни се оние деца чии родители никогаш не применувале телесно казнување. Тоа го објаснуваме со тоа што овие деца нивните родители не ги научиле да ги поднесуваат фрустрациите од своите желби, такашто тие прибегнуваат кон насилство за да ги натераат другите да им ја исполнат волјата. Притоа овие деца кои никогаш не биле телесно казнувани можат да бидат свирепи, со изразена рамнодушност, без емпатија и сочувство со другите. Нивни жртви се другите деца, животните, но и возрасни луѓе: родителите, воспитачките и учителите. Нивната подоцнежна судбина ја потврдува народната мудрост: „Тепајте ги своите деца кога ќе заслужат за да не ве тепаат тие вас кога ќе пораснат“.

Кога станува збор за телесно казнување, многумина погрешно го изедначуваат со насилство и со физичка злоупотреба. Иако е ова изедначување спротивно на логиката и на фактичката состојба, постои скриен мотив кој стои зад тоа. Според Конвенцијата за правата на детето, забрането е  да се врши насилство врз децата, а не е забрането телесно да се казнуваат. Начин и телесното казнување да се опфати со конвенцијата е на сила да се подведе под правната категорија „насилство“.

Усвојувањето на забраната на родителите телесно да го казнат детето би можела не да го намали, туку да го зголеми степенот на насилство во училиштата и во општеството. И затоа со вакви работи не треба да се експериментира затоа што станува збор за иднинана на нашите деца.

(Извадок од книгата: Родителствување: За оптималното воспитување од Зоран Миливојевиќ, српски психолог и психотерапевт.)

[better-ads type='banner' banner='999' ]